По тешкиот пораз што го доживеа во битката да издејствува гласање за недоверба во владата во македонскиот парламент, Мицкоски со уште еден „херојски“ потег го приврши својот голем ден: се подложи на хируршки зафат.
Операцијата траела 45 минути, како што самиот вели во Фејсбук објавата „оплеменета“ со две разголени фотографии од под болничката покривка.
Но, иако „ранет“, во болничка постела, по тукушто завршен „тежок“ хируршки зафат, тој не ја пропушти можноста уште еднаш да се пожали за сите катаклизми што ѝ се случија на неговата жална Македонија, која од пред некој ден и самиот ја нарекува Северна.
„Динамичен ден.
Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… после 45 минути лесна хируршка интервенција која беше закажана пред кампањата, ја одолговлекував поради кампањата и денес дојде редот , се чувствувам одлично.
Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите.
Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!“ – напиша храбриот Мицкоски.
Само едно нешто пропушти Мицкоски да каже во својата објава. Бил на отстранување на масно ткиво од вратот. Тоа фластерчето што се гледа на вратот, таму му било масното ткиво.
Инаку, за тие што не знаат, масно ткиво е израсток на кожата кој може да се појави каде било на телото, кој се состои од наталожени масни ќелии. Се работи за естетски проблем и во принцип, не му штети на здравјето. Најчесто се појавува кај луѓе постари од 40 години и кај ноторни губитници (простете на шегата). Според лекарите, масното ткиво може да се отстрани со рутинска операција, но и по природен пат.
„Само“ тоа пропушти да го каже нашиот Мицкоски, кој во операционата сала довлечка (или го намамил) и кардиохирург да му го украси селфи-кадарот. За кворум, де. Drama queen, што би рекле Русите. Или не беше нивна фразата?
Џ. Д.