• Latest

Мицотакис: Дадовме македонски јазик и македонски идентитет без да добиеме нешто за возврат

September 5, 2018

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицотакис: Дадовме македонски јазик и македонски идентитет без да добиеме нешто за возврат

September 5, 2018 09:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кое беше постојаното барање на скопската страна, поважно и од името? Македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ние го дадовме тоа и го дадовме без во суштина да добиеме нешто за возврат и ова е длабоко загрижувачко, бидејќи се поврзува со скопскиот идредентизам, вели претседателот на Нова демократија Киријакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, а овој став го поткрепува со, како што вели, „одново објавениот“ доверлив документ од Викиликс.

Мицотакис, уште еднаш го повторува и неговиот став дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа.

– Сакам да ги прашам нашите сограѓани, не само во Македонија, како се чувствуваат кога ги слушаат господинот Заев и господинот Димитров да велат „Јас сум Македонец и говорам македонски јазик“ и никој да не одговара. Ние, нема да го ратификуваме договорот ниту сега, ниту во следниот парламент, доколку не се ратификува во сегашниот парламент, вели лидерот на Нова демократија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека ратификацијата на договорот во грчкиот парламент ќе ги намали можностите за правење на какви било промени од нивна страна.

– Ќе ги искористиме сите карти што ни се на располагање за да ги смениме аспектите на договорот што се проблематични. Ова значи дека ако договорот се ратификува тогаш просторот за маневри е ограничен. Подготвен сум да им објаснам на граѓаните: Ако договорот од било која причина не се ратификува, тогаш не постои договор. Работите се многу едноставни, вели Мицотакис.

Во однос на европската и евро-атлантската интеграција на Макеоднија, лидерот на грчката опозициска партија вели дека „проблемот со НАТО е тоа што веќе е означен почетокот на процесот“, а оние кои се должни да одговорат „се оние кои го донесоа договорот“ и индиректно упатува критики до Панос Каменос.

– Ние направивме се што беше во наши раце. Доставивме предлог за гласање недоверба и секако трагична е хипокризијата на владиниот партнер, кој од една страна вели дека нема да гласа и ќе ја бутне владата, а од друга страна седи удобно во фотелјата и едноставно добива време со добра надеж дека договорот на крај нема да помине на референдумот во Скопје, коментира лидерот на Нова демократија во интервјуто во централното издание на вестите на грчката телевизија „Алфа“, пренесе МИА.

Tags: ГрцијаиметоКиријакос Мицотакис
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ