• Latest

Мицев: Медиумите треба да придонесат за јакнење на јавната свест

February 2, 2018

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мицев: Медиумите треба да придонесат за јакнење на јавната свест

February 2, 2018 14:17
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со Димитар Мицев, сопственик на ТВ ВИС од Струмица, ЦИВИЛ Медиа разговараше за проблемите со кои се соочуваат регионалните медиуми, како се практикува и брани слободата на медиумите и дали воопшто можеме да зборуваме за слобода на медиуми.

ЦИВИЛ Медиа: Што значи да се биде сопственик на регионален медиум?

Мицев: Борба да стигање и пласирање на точна информација и придонес кон развојот на свеста кај народот за тоа што е она што го мачи секојдневно со проблемите, односно претставување на проблемите и решавање на нивните секојдневни проблеми. Зборувам од информативен карактер. Што се однесува до целокупната публика, привлекување на нивното внимание и колку што можеме да го задржиме нивното внимание во смисла, таа имформација што ќе ја пласираме да биде конзумирана од што е можно повеќе гледачи и да доведе до некаков инпакт или решавање на нивните секојдневни проблеми.
Тоа е нашата секојдневна цел за која се бориме. Претпоставувам дека и новнарската екипа работи фер и коректно, затоа што и нив ги пратиме како се однесуваат кон гледачите и кон целиот јавен сервис.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин можете да придонесете во борбата за медиумските слободи?

Мицев: Значи, со отстранување на притисоците што ги уживаат новинари секој ден од сите моќници, дали од јавниот или бизнис секторот, придонесува до слобода на изразување и слобода на медиумите. Колку помалку влијаеме како сопственици врз нивното работење, толку повеќе тие ќе ја чувствуваат слободата за пренесување на точни информации кон гледачите.

Тоа е единствениот начин како да се надмине цензурата и да се стигне до повисока јавна свест. Само на тој начин можеме да постигнеме успех во она што претствува слобода на медиуми.
Секој притисок што тие ќе го почувствуваат или ќе се почувствува кон медиумот директно, вербата или неверувањето на гледачите во медиумот се зголемува или намалува.

ЦИВИЛ Медиа: Дали вие како сопственик се соочувате со притисоци од бизнис и политичките центри на моќ и како се справувате со истите?

Мицев: Јас лично, никогаш не сум имал било каков притисок. Дефинитивно телевизијата 100% се финансира од приватниот сектор, меѓутоа зборувајќи од аспект на колегите што се соочиле, што сум слушнал од нив, а соочувјќи се со ситуацијата во која се наоѓаме, постои таков принцип на цензура, односно автоцензура или авторекетирање. Што значи тоа? Ако некој, на пример од нашите постоечки клиенти не се однесува општествно одговорни, а ние таа вест треба да ја пренесеме. И во тој момент се авотцензурираме, дали треба да ја пренесме таа вест такава каква што е, зошто да не и дури во тоа преиспитување на крај самите новинари да влијаат како таа информација ќе се пренесе. За сега јас не сум се соочил со тој проблем… пример за авторекетирање, ако некој клиент, компанија реши да отпушта поголем број на вработени, почнува да се рекламира со предзнаење дека медиумите ќе му вратат со тоа да не ја покријат таа информација и да не влијае негативно врз работата на компанијата.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на слободата во медиуми?

Мицев:Сметам дека доколку се отргне клиентелизмот и се најде начин да не се дозволи на ниту еден медиум никакво влијание од општеството презентирајќи ја правата вистина каква што е ќе имаме слободни медиуми…

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов

Обработка на текст и фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Димитар Мицевслобода на медиумиТВ Вис
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ