Испитувањето на јавното мислење што го спроведе Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, покажа дека вкупно 63,6 отсто од граѓаните во Македонија ќе учествуваат на престојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Преспанскиот договор.
Анкетата е направена во периодот од 1 до 10 септември годинава, со 1.218 испитаници, во сите шест изборни единици, 17,4 отсто од граѓаните нема да излезат на референдум, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО.
86,7 отсто од испитаниците, сметаат дека македонските граѓани независно од етничките и политичките разлики, треба да покажат единство за полноправното членство во ЕУ и НАТО, додека 79,8 проценти мислат дека евроатлантската интеграција е правилна стратешката ориентација на државата.
74,2 отсто од испитаниците, го оцениле негативно работењето на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, а додека позитивно се исјасниле 9,4 проценти, а 16,4 отсто немаат никаков став на ова прашање.
Ова испитување е дел од анализата за актуелните случувања во Македонија со наслов: „Македонија бира меѓу (само)изолација и евроатлантска иднина?“.
А. П.