• Latest
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР формира Кризен штаб за извлекување македонски граѓани по нападите на Иран врз Иразел

April 14, 2024
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

МНР формира Кризен штаб за извлекување македонски граѓани по нападите на Иран врз Иразел

April 14, 2024 16:03
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешните напади на Иран врз Израел министерот за надворешни работи Бујар Османи донел одлука за формирање Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски исток доколку за тоа има потреба. Покрај Амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар.

-Ги повикувам сите државјани да бидат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР  075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација. Извлекувањето ќе зависи од динамиката на состојбите во наредните часови и денови како и од отворениот аеродором во Тел Авив кој утрово повторно е ставен во функција, но, работи со ограничен капацитет. Алтернативна рута е копнен пат преку Јордан, рече на денешната прес-конференција Османи.

Според податоците со кои располагаат во МНР, во Израел има најмногу 40 до 50 македонски државјани меѓу кои и семејствата на нашиот дипломатски персонал во Тел Авив. Османи потсети дека најголем број државјани со организиран лет беа извлечени во октомври лани, а дел останале согласно својата одлука, претежно лица кои таму имале семејства. МНР нема точна бројка колку македонски државјани има во поширокиот регион.

Министерот за надворешни работи бара од претседателот на државата да го свика Советот за безбедност во поширок состав со учество и на опозициските политички бидејќи, како што рече, една помасовна ескалација на Блискиот исток и покрај сите безбедносни реперкусии кои може да ги има може да предизвика и бран бегалци.

-Тие се разбира ќе ја користат балканската рута, а тоа значи и Северна Македонија со сите можни последици и оттука мора да ја зголемиме отпорноста на државата при такви предизвици, рече Османи.

Тој нагласи дека МНР  го осудува овој напад како што ги осудил и претходните, и како што ќе ги осуди и евентуалните следни одмазднички напади кои се најавуваат.

-Насилството раѓа насилство, а овој повторувачки круг на одмазда неповратно ја ескалира состојбата во регионот, која многу лесно може да се прошири, повикуваме на итно стопирање на сите насилства, затоа што ако сега не се прекине со насилството од одмазда, состојбата наскоро ќе ја помине точката од која враќање назад – нема. Ова заедно со актуелната агресија на Русија во Украина уште една сериозна регионална војна криза на Блискиот исток може да има драматични импликации по меѓунарониот мир и стабилност, истакна шефот на дипломатијата.

Според него, овие случувања многу брзо може да ја поминат точката на неповрат. Ако на ова, вели се додаде и состојбата во Украина светот никогаш не бил поблиску до трета светска војна.

-Не сакам да ги исплашам граѓаните, но кога во реториката на политичарите нуклеарното оружје станува нешто нормално, тогаш тоа навистина бара внимателност. Оттука барам вниматилност од граѓаните и од политичките лидери, рече Османи.

Тој потсети дека институцијата со која раководи пред два дена со соопштение предупредила на ваквиот развој на настаните, но, како што рече, за жал одредени политички структури веројатно под влијание на кампањата се обиделе да ги потценат таквите најави и со тоа директно влијаеле на одлуката на граѓаните да одговорат на повикот на Министерството да се вратат од Блискиот исток што побрзо.

-Оттука уште еден повик дека лажни вести и хибридните закани ја минираат довербата во институциите што доведува до ризикување на човечки животи. Затоа ги повикувам сите политички партии, учесниците во изборната кампања да прекинат со црна кампања на дискредитирање на институциите и носителите на јавни функции бидејќи дирекно влегуваат во служба на тие што преку хибридни закани се обидуваат да ја мининраат довербата на граѓаните во институциите, истакна Османи.

Информациите, додаде ги добиле од сојузниците, со кои како што рече ги усогласуваат и позициите и ставовите по овие прашања. 

Tags: МНРОсмани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ