• Latest

МНР го демантира ВМРО-ДПМНЕ, Блинкен со остра осуда за руската агресија, со „Отворен Балкан-ИД“ на работа во трите држави

August 9, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

МНР го демантира ВМРО-ДПМНЕ, Блинкен со остра осуда за руската агресија, со „Отворен Балкан-ИД“ на работа во трите држави

August 9, 2022 16:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

МНР ги отфрла наводите за подготвување на нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија

Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, од Министерството за надворешни работи информираат дека со внимание го следи процесот на формирање на Службената Влада на Република Бугарија и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада, соопштуваат од службата за односи со јавност на Миниестреството за надворешни работи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Блинкен: Ако дозволиме една голема земја да малтретира помала, едноставно да ја нападне и да ја преземе нејзината територија, тогаш ќе биде отворена сезона не само во Европа, туку и низ целиот свет. Високиот дипломат истакна дека руската агресија против Украина не е само агресија врз друга земја, „тоа е агресија против основните принципи на меѓународниот систем“. „Мултилатерализмот е нешто во кое зеднички веруваме и во кое инвестираме“, рече државниот секретар..

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската безбедносна служба ( СБУ) уапси две лица кои наводно работеле за руските разузнавачки служби кои планирале да го убијат министерот за одбрана на Украина и шефот на нејзината воена разузнавачка агенција, пренесува Гардијан.

*

Здружението на семејствата на бранителите на Азовстал ги повика украинските власти и меѓународните организации, вклучително и МКЦК и ОН, да го спречат таканаречениот „трибунал“ насочен кон заробените војници од Азовскиот полк. Апелот е објавен на Телеграм

*

Русија веројатно изгуби околу 80.000 убиени во акција и ранети во Украина во последните шест месеци, изјави потсекретарот за одбрана на САД за политика Колин Кал на брифинг во Пентагон

*

Во услови на конвенционалната војна што се води против Украина, руските хибридни операции остануваат надвор од глобалниот фокус, затоа е неопходно да се разработи проактивна стратегија за подобро спротивставување на руските хибридни акции,  вели Курт Волкер, поранешен специјален претставник на САД за преговори за Украина

*

Деновиве се памети руската војна против Грузија во 2008 година. Многу се зборува за предусловите на таа војна, за нејзините последици. За тоа како тогашното одбивање на Украина и Грузија да им се обезбеди Акционен план за членство во НАТО ја зголеми дрскоста на руското раководство. Но, сепак, војната во тоа време сè уште не стана историја, не се повлече целосно во минатото. Затоа, неопходно е да се зборува не толку за тоа што се случило, туку за тоа што може да се направи, изкави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОТВОРЕН БАЛКАН Наскоро, граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификационите броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни административни бариери. Како што пишува српски „Курир“, „околу 30.000 многу потребни занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Северна Македонија и Албанија од септември ќе дојдат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи“

АНТИКОРУПЦИЈА Изготвен е вториот квартален извештај во рамки на проектот „Проценка на ранливоста од корупција во државните институции и локални власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво” за мониторинг на спроведување на препораките кои беа подготвени од Транспаренси Интернешанл Македонија за јавните институции за надминување на ризиците од корупција во овие области.

ОБРАЗОВАНИЕ Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

ПОЖАРИ Пожарот што вчера попладне избувна на планината кај охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под котрола и нема опасност од зафаќање на куќите, информира командирот на Територијалната против пожарна единица – Охрид, Борко Јанкулоски.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Твитер го принуди Јанко – „Јади бурек“ да ја избрише лажната вест за да не биде блокиран

Твитер го принуди Јанко Илковски, водител и уредник на емисијата „Јади Бурек“ да ја избрише лажната вест која ја споделил на својот Твитер профил за наводна двојазичност на фискалните сметки (билет) за паркинг.

Руските дезинформации се шират и покрај забраните, идентификувани 250 нови веб-страници кои активно шират руски дезинформации за војната

Откако Русија ја нападна Украина во февруари минатата година, Европската унија ги блокира РТ и Спутник, два од водечките канали на Кремљ за ширење пропаганда и дезинформации за војната. Речиси шест месеци подоцна, бројот на сајтови кои ја промовираат истата содржина експлодираше бидејќи Русија најде начини да ја избегне забраната. Тие ја ребрендираа својата работа за да ја прикријат. Некои пропагандни должности ги префрлија на дипломатите. Исекоа и залепија голем дел од содржината на нови веб-страници – оние кои досега немаа очигледни врски со Русија, пишува Вашингтон Пост.

ПРОПАГАНДА  

Руска пропаганда: Русија се обидува да се наметне како фактор за решавање на конфликтот во Појасот Газа

Руската пропагандна машинерија ја користи секоја можна ситуација за Русија да ја претстави и наметне како релевантен и влијателен фактор, која рамо до рамо со големите светски сили како што се ЕУ и САД, решаваат големи светски предизвици и проблеми. Таков е случајот и со конфликтот меѓу Израел и Палестина за кој во македонските медиуми одекна веста дека „Европската унија и Русија се длабоко загрижени за насилството и жртвите во Појасот Газа“.

СЛОБОДНА ЗОНА 

 

Додека руските војници повторно отворија оган врз локацијата на нуклеарната централа Запорожје и со ракети погодија буриња за складирање на потрошеното гориво, исто така секојдневно гинат цивили (меѓу кои деца и жени) и над 3,5 милиони Украинци останаа без покрив над главата поради руската воена агресија, руската пропагандна машинерија ја дефокусира јавноста со тоа што „воената топка“ ја префла во израелско – палестинскиот конфликт, пишува Дехран Муратов во “Русија глуми „загриженост“ за Палестина додека гранатира цивили и нуклеарна централа во Украина“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ