МНР на Украина информира дека руските вооружени сили продолжуваат да нанесуваат ракетни и бомбашки напади врз Кијив, Мариупол, Волноваха, Суми, Миколајив, Харкив и други населени места, што го оневозможува безбедното заминување на хуманитарните конвои со украински и странски државјани, како и испорака на лекови и храна.
Русија мора да престане да ги прекршува договорите, да престане да шири дезинформации и да манипулира со животите на цивилите. Евакуација преку хуманитарни коридори е можна само со целосно почитување на прекинот на огнот, на што е подготвена украинската страна.
Украина ги повикува државите, вклучително и лидерите кои се во контакт со претседателот Путин, да вложат максимални напори за да ја принудат Русија да обезбеди прекин на огнот за отворање на хуманитарни коридори и спречување на хуманитарна катастрофа од големи размери, повикуваат од Министерството.
Министерството за надворешни работи на Украина продолжува да биде во постојан контакт со амбасадите на странските земји чии државјани се наоѓаат во областа на воени дејствија и им дава максимална помош за евакуација на нивните граѓани од украинска територија.
ЦИВИЛ е првата организација во Северна Македонија и меѓу првите во светот што ја осуди руската воена агресија врз Украина. На 25 мај, меѓу другото, ЦИВИЛ објави:
„Војната што ја поведе Путин е војна и против човековите права и слободи на руските граѓанки и граѓани! Слободата и мирот во Украина значат слобода и мир за целиот свет! НЕ на Путин, НЕ на војната и ДА за слободата, демократијата и мирот! Барањата за мир се висок патриотски чин! Да се сопре воинствениот деспот во Кремлин!“#ПоддршкаЗаУкраина
ЦИВИЛ на својата медиумска платформа редовно објавува релевантни, точни и навремени вести, анализи и колумни од самиот почеток, кога Путин нареди натрупување на воените сили на украинските граници.