• Latest
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

МО: Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост

February 23, 2022

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МО: Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост

February 23, 2022 15:47
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Од самиот почеток на кризата во Украина нашиот став е дека недвосмислено го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Одлуката на Русија за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“ е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и меѓународното право и одлуките на Советот на ООН од 2015 на кои е обврзана и Русија, посочуваат од Министерство за одбрана за ЦИВИЛ Медиа. 

Ги осудуваме сите прекршувања на меѓународното право и се придружуваме на повикот на сојузниците за враќање кон дипломатски дијалог и мирно решавање на кризата.

На прашањето како ќе влијае воената ескалација во Украина на економските и општествено-политичките состојби и процеси во Северна Македонија и земјите на Западен Балкан, од МО уверуваат дека безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост. 

Се разбира дека која било нестабилност на европскиот континент како што е ескалацијата на ситуацијата во Украина може да има безбедносни импликации врз цела Европа и токму затоа меѓународната заедница инсистира на дипломатски дијалог и мирно решавање на кризата. Но, целиот овој период од неколку месеци наназад се преземаат активности за гарантирање на безбедноста и стабилноста на Европа.

Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост. Тоа го потврдуваат институциите задолжени за внатрешната безбедност.

Дополнителен аргумент за тоа е нашето членство во НАТО – Северна Македонија е дел од пошироката безбедносна заедница, од најголемиот воено политички сојуз и нашите граѓани не треба да бидат вознемирени.

Нема да се дозволи прелевање на кризата на европскиот континент и на регионот. Тоа вчера го потврди генералниот секретар на НАТО, Столтенберг кој рече дека НАТО ќе направи се што е потребно да ги заштити сојузниците и уште еднаш упати силен повик до Русија да се врати кон патот на дипломатијата.

Така што, можете да бидете сигурни дека има постојана комуникација и координација од домашните институции и од НАТО, и дека се превземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста.

Она што е значајно да се потенцира, е дека сме во секојдневна интензивна координација со сојузниците, работиме во интерес на нашата колективна безбедност и заштита“, велат од МО. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ