Европската унија не може да даде правни и економски гаранции за Иран, но е сериозна во намерата да се најде начин инвестиции да пристигнат во Иран и ќе даде конкретни мерки во следните неколку недели, соопшти шефот на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини.
– Работиме на изнаоѓање практично решение. Разговараме за начините да го одржиме нуклеарниот договор во живот, изјави Могерини по состанокот со шефовите на дипломатиите на Иран, Британија, Германија и на Франција.
Таа вели дека ќе се разгледаат мерки кои на Иран ќе му дозволат извоз на нафта, а на европските банки да продолжат со работа. Групата ќе има состанок и следната недела во Виена, на ниво на заменици министри за надворешни работи. (МИА)