• Latest
Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025 11:56
in АНАЛИЗИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Она за што пишуваме веќе извесно време, откако односите меѓу Русија и Азербејџан, некогаш сметани за блиски, нагло се влошија по низата инциденти од висок профил – кој започнаа со соборувањето на азербејџанскиот патнички авион и продолжија последниве недели со смртни случаи во притвор, вонсудски убиства за време на приведување, рации во медиумски канцеларии и претепани и крвави осомничени во најновиот развој на настаните во долгогодишното преобликување на геополитичкиот пејзаж во Јужен Кавказ. Азербејџан, Ерменија и Грузија беа советски републики, а Русија сè уште го гледа регионот како свој двор.

Последниве денови Русија го забрзува пополнувањето на својата воена база во Ѓумри, Ерменија, поради зголемените тензии со Азербејџан, објави Главната разузнавачка управа на Украина (HUR) на својот официјален канал на Телеграм на 5 јули, пренесува UNITED24.

„Распоредувањето на руски трупи во Ерменија е дел од сеопфатната стратегија на Кремљ насочена кон дестабилизација на глобалната безбедност. Заедно со поттикнувањето на меѓуетничкиот конфликт, Москва го гради своето воено присуство на Кавказ. Веројатно е дека влошувањето на односите меѓу Азербејџан и Русија било однапред подготвено“, изјави претставник на Главната разузнавачка управа на Украина.

Кремљ го засили регрутирањето за својот гарнизон во Ѓумри за да го зајакне воено-политичкиот притисок врз државите од Јужен Кавказ. Според HUR, персоналот се црпи од руски војници кои служат во регионите Ростов и Волгоград, како и во привремено окупираниот Крим.

Покрај редовните сили, Русија активно бара волонтери меѓу кавкаските заедници, особено во Северна Осетија и Адигеја.

Во својата изјава, HUR додаде дека украинското воено разузнавање продолжува внимателно да ги следи движењата на руските сили и во Русија и надвор од нејзините граници.

Претходно, Ерменија почна да купува системи за оружје произведени во Индија како дел од пошироките напори да се дистанцира од Русија и да ги диверзифицира своите воени партнерства, потврдија ерменските претставници.

Договорот опфаќа артилерија, компоненти за воздушна одбрана и опрема за електронско војување, истакнувајќи го настојувањето на Ереван да ги зајакне своите одбранбени капацитети во услови на заладување на односите со Москва околу рамнотежата на моќ во Јужен Кавказ.

Ереван го негира извештајот за зголемено военото присуство на Русија 

Министерството за надворешни работи на Ерменија ги негираше тврдењата на украинското воено разузнавање (HUR) дека Русија го интензивира своето воено присуство во базата во Ѓумри во земјата за да изврши поголемо влијание во Јужен Кавказ, објави медиумот News Armenia.

Ани Бадалјан, портпаролка на ерменското Министерство за надворешни работи, го отфрли извештајот.

„Како одговор на фиктивните информации што се појавија во печатот, Република Ерменија ја потврдува својата принципиелна позиција дека територијата на Република Ерменија не може да ја користат трети држави за спроведување воени дејствија против која било од нејзините соседни држави“, рече таа, цитирана од News Armenia.

Експертите предвидуваат можни сценарија за војна меѓу Русија и Азербејџан

Баку брзо ги расклопува билатералните односи со Руската Федерација. Ова е патот на Украина, кој заврши со војна, се заканува набљудувачката на Правда.Ру Љубов Степушова, објавува EurAsia Daily.

Патот на Баку кон конфронтација со Москва е видлив уште од авионската несреќа во Актау. Иако постојат цврсти докази, вклучително и протечена снимка од руски офицер во која признава дека го соборил ерменскиот патнички авион по наредба на Москва, Степушова издадената наредба од страна на Руската федерација да се пука на ерменсјиот авион ја нарекува „наводна“. Втората причина, за која Баку тврди дека претставува вонсудско убиство на ерменски граѓани во Русија, за набљудувачката на руската Правда е  резултат на поразот на организираната криминална група во Екатеринбург, каде што јадрото го сочинувале имигранти од Азербејџан. Според неа, виновни се локалните медиуми  кои веќе пет дена ја демонизираат Русија и ги повикуваат Азербејџанците и другите дијаспори на протест.

Степушова започнува повикува на војна, инсинуирајќи дека доколку Баку се обиде да организира терористички напади во Русија преку своите организирани криминални групи и Турција се вклучи во конфликтот, тогаш зошто да нема вооружен конфликт?

Таа продолжува во познатиот манир на руските пропагандни наративи, тврдејќи дека покрај тоа што  тандемот Анкара-Баку Туранија е инспириран од победите над Руската Федерација во Сирија и Нагорно-Карабах, веќе има знаци – одеднаш Росатом сакаше да продаде 49 проценти од акциите во проектот за нуклеарната централа Аккују, а Турција веќе три пати ја тестираше својата балистичка ракета „Тајфун“.

Од друга страна, kако што пренесува News Armenia, азербејџанскиот воен експерт Агил Рустамзаде изјави на Полското радио дека азербејџанската армија веќе ги пресметала сите сценарија за воен конфликт со Русија. Според него, Русија нема да може да дејствува со големи маси војници на територијата на неговата земја поради планинскиот терен, но ќе може да испукува ракети кон нафтените полиња. Но, тој не гледа ризик од воена ескалација, бидејќи „на Русите навистина им е потребно оружје на украинскиот фронт“.

И рускиот експерт, резервниот полковник Анатолиј Матвијчук, исто така, смета дека воениот конфликт е малку веројатен. Тој истакна дека:

„Турците нема да дозволат Алиев директно да се судри со Русија, бидејќи тоа веднаш ќе се прошири во регионот на Црното Море и во турскиот правец“. Освен тоа, на крајот на краиштата, нашата воена база се наоѓа во Ерменија“, додаде експертот.

Но, претседателот на Президиумот на Серуската организација „Офицери на Русија“ Сергеј Липовој не исклучува воен конфликт, бидејќи „Турција и Англија ќе се обидат да го спроведат, имено“. Според него, тие ја загреваат ситуацијата за Баку да ја провоцира Москва на конфликт земајќи ја предвид војната во Украина и со тоа да ја ослаби Русија.

„Русија се граничи со Азербејџан во регионот Дагестан. И сосема е можно провокација да се изврши некаде во пограничните региони на Азербејџан, можеби дури и со смртта на локалното население. „И Азербејџан може да ја обвини Русија за ова со сите последователни последици“, истакна експертот како можен сценарио за избувнување на воен конфликт.

Да ги нацртаме нашите сценарија. Причините за сите војни се логистиката и ресурсите. Најстрасната желба на претседателите Илхам Алиев и Реџеп Ердоган е коридорот Суник до Нахичеван, кој ќе обезбеди товарен пат од Кина до Европа, заобиколувајќи ја Русија.

Премиерот Никол Пашинјан сè уште се пазари, барајќи „територијален интегритет“ на Ерменија за коридорот, но изборите доаѓаат, а Туран треба да побрза, бидејќи Пашинјан ќе ги изгуби. Ако блицкригот за „Суник“ не успее, тогаш Москва може да ѝ обезбеди воена поддршка на Ерменија во рамките на своите обврски според ОДКБ.

Исто така е очигледно дека во случај на конфликт меѓу Руската Федерација и НАТО за време или по СМО, а со тоа и со Турција, Баку ќе биде на страната на НАТО.


Текстот е личен став на Авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: руска војска во Ерменијатензии Русија - Азрбејџан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ