Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека денеска разговарале за евентуално воведување дополнитени рестриктивни мерки, но заедничкиот став бил дека ќе се почекаат податоците од следните два до три дена за потоа да се донесе одлука. Филипче додаде дека МВР треба поинтезивно да работи на контрола на теренот за имплементација на мерките кои се на сила.
За дополнителни рестриктивни мерки се сметаат ограничување на движењето во смисла на карантин за одредени делови каде има поголем број дијагностицирани пациенти и воведува полициски час и тоа локализирано.
Според Филипче еден од главните проблеми со кои се соочуваат е слабата соработка со дел од граѓаните, одбивањето да се тестираат, да се пријават во болница дури и кога имаат симптоми и тоа, како што рече, многу често го прават нивните соседи.
Комисијата за заразни болести ја анализирала состојобата во изминатите две недели по што било заклучено дека и покрај високите бројки на новозаразени како што рече Филипче, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, а тоа значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика и можат да се лекуваат во домашни услови или еден добар дел се асимтопатски носители.