• Latest

Мерцедесот со кој е убиен малиот Алмир огласен за продажба, утре протест пред ОЈО

March 1, 2018
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ, дијаспората и реформите во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мерцедесот со кој е убиен малиот Алмир огласен за продажба, утре протест пред ОЈО

March 1, 2018 12:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Оружјето“ со кое е усмртен Алмир му е вратено на семејството на убиецот и истото е огласено за продажба.
Возилото е поправено и огласено за продажба, иако во записникот од Основното обвинителство во Куманово е наведено дека „Со потврда за привремено одземени предмети број 267/4389 од првопријавениот е одземено ПМВ марка Мерцедес, со регистарски број KU-0914-AD, со напомена дека истото му е оставено на чување во неговиот двор без притоа да смее да се врши било какви поправки на истото која потврда е прилог на пријавата“.

И покрај ваквата одлука на кумановското обвинителство, братот на обвинетиот Бобан Илиќ, Бојан Илиќ, на 3 февруари, објавил оглас на социјалните мрежи за продажба на мерцедесот.

Групата „Правда за Алмир“ најави протест за утре во 13 часот пред Основното јавно обвинителство. Протестот е продолжение на оној од пред еден месец кога граѓаните бараа да не се преквалификува делото.

И покрај ветувањата, на последните пратенички прашања, новиот јавен обвинител Јовевски изјавил дека одлуката била донесена во Јавното обвинителство, пред тој да биде именуван на сегашната позиција, па потоа преквалификацијата на предметот се гласала во Јавното Републичко Овинителство.

На минатиот протест организаторите изразија најостра осуда за обидот за преквалификација на кривичното дело УБИСТВО во кривично дело СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА со смртни последици.

„Жалиме што јавната обвинителка во случајот не успеа да издржи до крај и подлегна на некакви притисоци, и побара мислење од Вишото јавно обвинителство. Не мислиме дека овој случај е за во Вишото јавно обвинителство или Обвинителството на РМ затоа што е едноставен случај што не бара научни докази за да се види дека се работи за класично убиство, и никако за друго кривично дело.

Бараме од Јавното обвинителство на Република Македонија, и од Јавните обвинители како носители на функции, стручно и совесно да ја вршат нивната функција и да одлучат како што предвидува правото и правдата, односно да не го преквалификуваат делото во случајот на убиството на Алмир. Во случајот, како што се гледа и од видео снимките, се работи за класично убиство, извршено со умисла.

Не сакаме и овој случај  да биде еден од тие во коишто, по кој знае кој пат, ќе констатираме постоење на селективна правда. Не смееме да дозволиме делењето на правда да зависи од етничката припадност на обвинетиот, на жртвата или на други учесници во постапката. Се надеваме дека конечно правото во Република Македонија ќе профункционира, и дека ќе се почитуваат правните норми.

Се надеваме дека Јавното обвинителство на Република Македонија ќе ни даде трошка надеж, дека постои можност за „живот за сите” во Република Македонија!“, изјавија тогаш.

На 5 март е следното рочиште за овој случај.

М. Ивановска

Tags: АлмирКумановомерцедесОгласОЈОправдапродажбаУбиство
Share63TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ