Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, обезбедија летување на 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, до крајот на летото во пет смени во одморалиштето „Мајски цвет“, Струга.
„Одморот којшто е во траење од една недела и опфаќа шест полни пансиони го користат деца од петто до деветто одделение. Наменет е за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, како и деца со попреченост, односно корисници на посебен додаток до 26 години возраст“, велат од МТСП.