Мултиетничноста и мултикултурализмот се богатство за општеството, бидејќи тие содржат корени на културите што биле создадени во минатото, се развиваат во сегашноста и даваат надеж за иднината. Бидејќи во рамките на таквото општество, имаме многу идеи, многу енергии кои доаѓаат од различни агли, а проблемите се решаваат полесно затоа што имаме пристап до секоја душа од секоја етничка припадност и култура, вели Њомза Шаќири, координаторка на Советот на општина Гостивар, за иницијативата на ЦИВИЛ „Направи Разлика: Почитувај ги различностите“.
„Нашето општество е мултикултурно и мултиетничко, и тоа нè прави посебни затоа што можеме побрзо да се прилагодиме, побрзо да прифатиме вредности и побрзо да создадеме вредности за иднината.
Мислам дека треба да работиме заедно повеќе како општество, со цел да и дадеме на Европа идеја дека сме многу блиску до нив, ние сме како нив и имаме стар културен и историски багаж, кој не се разликува од европскиот. Дури е уште побогато, но ни треба мала поддршка, економска, за да бидеме еднакви со нив.“, порачува Шаќири.
Дијана Тахири
камера: Дехран Муратов
фотографија: Горан Наумовски
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.