(Не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество се само дел од темите за кои денеска ќе се разговара во Градски парк вечерва.
ЦИВИЛ организира мултимедијален настан и панел дискусија на отворено на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ денеска (25 јуни), во Мобилната галерија на ЦСУ, Градски Парк, со почеток во 20 часот.
Проекции на видео прилози и презентации за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество, ќе се одржат од 19 до 20 часот.
Во првиот дел од настанот презентации ќе одржат Џабир Дерала, Дехран Муратов и Јована Здравевска.
Панел дискусијата на истите теми, на која ќе говорат проф. Мирјана Најчевска, проф. Јасна Бачовска и активистката Мерита Максути од Еко Герила, ќе започне во 21 часот. Овој настан е дел од проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.