Новинарот и активист Дехран Муратов, ЦИВИЛ, со своето учество во иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓан(к)ите дека не треба да ги учиме нашите деца дека „сите се исти“, напротив, треба да ги учиме дека сите се различни, се раѓаат различни, но дека сите имаат исти права.
„Не треба да ги учиме нашите деца дека „сите се исти“, напротив, треба да ги учиме дека сите се различни, се раѓаат различни, но дека имаат сите исти права. Тоа е она што треба да ги учиме, дека секој е различен, но има исти права.
Исто така, имаме една рака но сите прсти се различни, така е и во едно општеството, сите сме различни, но живееме заедно и мора да се почитуваме.
Колку повеќе различности има толку е побогато нашето општество, затоа направи разлика почитувај ги различностите“, истакна Муратов.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Араиан Мехмети
фотографија: Џабир Дерала