Антизападните (проруските) пропагандисти ја користат секоја ситуација за ширење пропаганда, лажни вести и дезинформации со цел да се разниша довербата во институциите, во европските вредности и Европа, како и против НАТО Алијансата, истакна Дехран Муратов, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Зад димната завеса“.
Руските поддржувачи го искористија немилиот настан каде што македонската преставничка на Евровизија несмесно го фрли македонското знаме на земја и веднаш стана мета на јавен линч. Но, и покрај тоа што евровизиската претставничка Андеа и се извини на македонската јавност дека тоа го стори несмесно, сепак не се препушти можноста да се шири пропаганда дека тоа е „школо на Сорос“, „дека тоа се тие европски вредности што ги учат младите“, „дека е симпатизерка на актуелната власт па затоа така се однесува со државничкото знаме“ итн.
Поддржувачите на Путин и оправдувачите на руската агресија врз Украина, неуспешно се обидоа да ја дефокусираат јавноста, односно да ја стават во втор план посетата на претседателот на Собранието, Талат Џафери во Украина.
Тие масовно споделуваа фотографии од „мавровските работници“ од војната во 2001, за да се дефокусира јавноста, и да се одвлече вниманието од воените злосторства во Украина. Исто така со тие немили настани се обидоа да го воскреснат национализмот и да создадат етнички поделби и омраза. Пропагандистите не споделија ниту една информација дека во војната во 2001 имаше цивилни жртви од двете страни, и дека имаше судски пресуди во Хаг за воени злосторства, каде што беше осуден Јохан Тарчуловски за случајот „Раштански лозја“, а Љубе Бошковски (тогашен министер за внатрешни работи) доби ослободителна пресуда.
Покрај социјалните мрежи, најчесто пропагандата и дезинформациите се шират преку интернет портали кои немаат импресум, текстовите не се потпишани со име и презиме на новинари, односно немаат автори, често насловите немаат врска со содржината на текстот итн.
ЦИВИЛ ќе продолжи да се бори против лажните вести и дезинформациите бидејќи тоа е проблем со кој се соочува целото општество, а не само нашата држава.
„Ние ќе ги разобличуваме лажните вести и дезинформациите и ќе им ја претставиме на граѓаните вистината, а на нив останува дали ќе веруваат или не. Има една изрека „најслеп е тој што не сака да види“, така што ние ќе им ја покажеме вистината на граѓаните, а нивно е да одлучат дали ќе веруваат на пропагандистите или ќе им веруваат на фактите“, посочи Муратов.
Д. М.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети