• Latest
Дехран Муратов (скриншот од гостувањето во Утрински брифинг)

Муратов за Утрински брифинг: Ако сакаме да бидеме граѓани на Европа треба да се насочиме кон почитување на различностите

May 26, 2021

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Муратов за Утрински брифинг: Ако сакаме да бидеме граѓани на Европа треба да се насочиме кон почитување на различностите

May 26, 2021 11:04
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Дехран Муратов (скриншот од гостувањето во Утрински брифинг)

Дехран Муратов (скриншот од гостувањето во Утрински брифинг)

Share on FacebookShare on Twitter

„Настанот е дел од проектот „Европски перспектви“ со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, а целта е промовирање и јакнење на јавната свест за европските вредности. Учесници на панел дискусијата, што почнува во 13 часот, се вицепремиерот Артан Груби, и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Темата е „Европски вредности: (не)возможна мисија“, а за тоа веројатно одговор ќе дадат самите панелисти. Ние сме тука да им кажеме дека сите оние работи за кои тие велат дека се возможни, за нив треба малку повеќе да се работи, не само декларативно, само да се кажат како изјава, а по завршување на настанот, сè уште да тапкаме во место“, изјави Дехран Муратов, активист и новинар од ЦИВИЛ во Утрински брифинг.

„Јас би рекол дека сум позитивниот пример за да можеме да кажеме дека постои возможна мисија-да успееш како Ром, да речеме, во неромски средини. Кај нас имаме перцепција да бидеме моноетнички. Имаме невладини организации само со Роми, имаме медиуми кои се само со една или друга етничка заедница. Затоа велам дека јас сум еден од ретките примери каде што работам во таква мултиетничка средина. Не работам во ромска средина, не работам само за ромските права, туку и за правата на ЛГБТИ заединцата, правата на жените, правата на Македонците, на Албанците, Турците, на сите… Има напредок. Тоа се гледа. Можеме да видиме една статистика, можеме да видиме дека постојано има перцепција дека сите Ромки се мажат на 12 до 15 години. Но, според статистиката поголем број жени Ромки завршуваат високо образование за разлика од мажите Роми. Верувам дека може да се постигне едно општество за сите, верувам дека можат да се постигнат европските вредности“, изјави Муратов, зборувајќи за сопствените искуства, од перспектива на личност што по етничка припадност е Ром, во контекст на концептите за кои ќе се зборува и на самиот настан на ЦИВИЛ.

„На панелот ќе се отвори и прашањето за Рамковниот договор и колку тој придонесува за едно општество за сите, дали тоа е само во однос на застапување на  етничка припадност или и квалитетот е пресуден. Дали ние 20 години имаме потреба само до етничка припадност. Дали сега, на некој начин, треба да се напушти тој концепт и приоритет да ни биде квалитетот, а потоа и етничката припадност, со оглед дека гледаме дека има манипулации. Ако сакаме да бидеме дел од Европа мора да го напуштиме по малку тој начин на етничка припадност и национализам и да се вратиме кон она што значи почитување на различностите, кон мултикултурализмот, пред сè почитување на квалитетот на човекот и неговата способност за работа, а не етничката припадност. Затоа велам дека јас можеби сум еден од ретките кого никој не го праша што сум кога одам да се вработам или барам работа“, истакна Муратов.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ