Кемал Муриќ, претставникот на „Слобода Превоз“, во своето обраќање на протестот на приватните превозници, ја обвини градоначалничката Арсовска за колапсот во градскиот превоз, и побара од премиерот и владата да и бидат одземени ингеренциите, пренесува РСЕ.
„Господине премиер ние сме граѓани на овој град и на оваа држава кои што може лесно да бидеме излажани, како што и бевме излажани, гласавме за градоначалничката да дојде на власт. Ве молиме да ги искористите сите мерки и средства што ви стојат на располагање, како на пример одземање на ингеренциите, да не се дозволи вакви шарлатани да бидат на чело и да држат ваква висока функција и позиција како што е градоначалник на Град Скопје“, изјави Муриќ.