„Северна Македонија е со Украина од почетокот осудувајќи ја руската неиспровоцирана и неправедна војна на застапувајќи ги правдата и нудејќи поддршка на сите можни начини, дипломатски, политички и хуманитарни. Нашата посветеност останува непоколеблива. Украинската сувереност и независност и нејзиното со право заслужено место во европското семејство мора да биде заштитено. Мирот мора да биде обезбеден. Украина ќе издржи. Правдата ќе стигне“, изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на настанот по повод три години од отпорот на Украина против руската агресија, 24 февруари 2025 што се одржа во Јуроп Хаус Скопје / Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.
„На мојата неодамнешна посета на Украина ги посведочив лузните на војната, но и нешто многу посилно, а тоа е отпорноста и борбеноста на украинскиот народ.
Затоа, солидарноста и помошта која Северна Македонија ја дава на Украина од самиот почеток на војната не е прашање на избор туку на обврска и одговорност.
Денеска, со повод на тригодишнината од руската инвазија, присуствував на премиерата на украинскиот филм „Rock, Paper, Scissors“, кој е приказ за храброста, пожртвуваноста и непоколебливиот дух на украинскиот народ“, изјави Муртезани во своето обраќање.
Б. Ј.