• Latest

Муслиу за ЦИВИЛ: Изборите ги добива тој што го наметнува наративот

April 5, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Муслиу за ЦИВИЛ: Изборите ги добива тој што го наметнува наративот

April 5, 2024 10:45
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За политичката реторика, наративите, анкетите, и дали Северна Македонија влегува во „ќорсокак’ ако не смогне сили преку пратениците да ги изгласа уставните измени, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за ЦИВИЛ медиа вели дека овие избори имаат историско значање, особено во делот за евроинтеграциите.

ЦИВИЛ Медиа: Сите политички партии ги опишуваат овие избори како историски, дали мислите дека овие избори се навистина историски?

Муслиу:  Имаат тежина, особено поради уставните измени и деблокирањето на самоблокирањето на европските интеграции. Да не заборавиме дека до овие избори сме имале кого да обвиниме за блокирање на евроинтеграциите.

До овој момент ниту една европска држава не не блокира, ниту пак Европската комисија.  Не блокира неизгласувањето на уставните измени. Од оваа гледна точка, тие се историски, затоа што Македонија мора да го надмине овој момент, особено пред изборите што мора да се случат во Европската унија, изборите што мора да се одржат во Соединетите Американски Држави и навистина може да навлеземе во тоа нашите Евроатлантските партнери да губат малку фокус на регионот. Значи од овој аспект тие се историски.

ЦИВИЛ медиа: Кога сме кај уставните измени, дали мислите дека доколку не се изгласаат уставните измени по изборите на Северна Македонија и се заканува „бугарско сценарио“?

Муслиу: На Македонија и се заканува „бугарско сценарио“ доколку албанските политички субјекти останат принципиелни во однос на уставните измени и доколку најголемата македонска опозициска партија победи на изборите, и не сака да влезе во разговори  за уставните измени. Во тој случај, сепак, ние сме изложени на ризик од „бугарското сценарио“.

ЦИВИЛ Медиа: Дали мислите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го омекне ставот по ова прашање?

Муслиу: Скептичен сум дека ќе ги омекне своите ставови. Но, секако постои можност да ги ублажи, бидејќи во минатото се покажа дека има промени во ставовите пред и по изборите, дали тоа ќе се случи и овој пат, останува да видиме.

ЦИВИЛ Медиа: Дали мислите дека анкетите кај нас, без разлика колку се релевантни или не, влијаат на создавањето на перцепцијата да се гласа за одредена партија на денот на изборите?

Муслиу: Има категорија граѓани кои се нарекуваат конформисти, најчесто гласаат за потенцијалниот победник. Второто е дека постои перцепција кај граѓаните дека власта и политичките партии знаат на кого ќе му го давате гласот, што не е секогаш далеку од вистината.

Анкетите создаваат атмосфера дека тој слој гласачи да му се приклучи на однапред осмислениот победник, додека за оние кои се активисти или поддржувачи на одреден политички субјект не игра некоја тежина, туку можно е да се однесуваат дефетистички ако се убедени дека ќе загубат или победат, затоа може да се случи една категорија гласачи да не излезат на денот на изборите.

ЦИВИЛ Медиа: Како би ги опишале наративите на политичките партии од распишувањето на изборите? Дали се согласувате со констатацијата дека на изборите победува наративот на оној кој доминира во јавното мислење?

Муслиу: Изборите ги добива тој што го наметнува наративот. Онаа што предизвикува реакција кај граѓаните. Лошите зборови и зголемените тензии не се прифаќаат добро меѓу граѓаните. Кога користите навредлив наратив, ова може да предизвика смеа во вашата база, кај вашите гласачи, кои и онака ги имате, но кај неопределениот граѓанин, кај граѓанинот кој има претпоставки, овој наратив може да предизвика повлекување и негласање.

Назми Абдурахмани

 

Tags: „избори“Алберт Муслиуанкети
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ