• Latest

Музичките уметници ја поддржуваат кампањата „НосамМаска“

November 11, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Музичките уметници ја поддржуваат кампањата „НосамМаска“

November 11, 2020 12:38
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Музички уметници ја поддржуваа кампањата „НосамМаска“. Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите, соопштува Министерството за здравство.

Секој еден од нас, велат од министерство, има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски. Носењето заштитна маска, одржувањето физичко растојание, како и честото миење раце, во моментот се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на коронавирусот.

„По усвоените измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести, на сила е мерката за носење лична заштита на лицете: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана  и слично, при излегување надвор од домот, односно при движење на јавни места  и површини од отворен и од затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори, кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи и слично“, соопштуваат од министерство.

Оваа мерка не важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично); при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница; при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница; при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично); ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место; ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

На 1 ноември Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство ја започнаа кампања за носење маски со цел поддршка на Законот за заштита од заразни болести и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот (КОВИД-19).

Кампањата која го носи слоганот #НосамМаска, е поддржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери, членови и поддржувачи. Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот.

„Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата“, соопштија од Министерството за здравство.
А. П. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ