Извори од МВР јавуваат дека поворката на протестите за случајот „Монструм“ е запрена кај ТЦ Мавровка од безбедносни причини.
„Поради безбедносни причини, одлучено е масата да биде запрена на таа точка. Доколку претставници на демонстрантите сакаат да се упатат и да пренесат порака до Собранието или Владата, можат слободно да го сторат тоа, но масата од безбедносни причини е запрена на оваа точка“ – изјавија од МВР за ЦИВИЛ МЕДИА.