• Latest

МВР ќе ја проверува исправноста на апсењето на момчето со куче, Славјанка Петровска бара санкции за полицајците за неносење маски и ракавици

April 20, 2020

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

МВР ќе ја проверува исправноста на апсењето на момчето со куче, Славјанка Петровска бара санкции за полицајците за неносење маски и ракавици

April 20, 2020 21:56
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи се појави видео снимено од граѓанин, во кое се гледа како група полициски службеници лишуваат од слобода момче кое држи во раката куче.

Видеото е поставено околу 16 часот и во него нема информации за точното време и локацијата на настанот. Она што може да се види од видеото е дека лицето кое го приведуваат не дава отпор при лишувањето од слобода, не изгледа вооружено или опасно за да бара потреба од интервенција од ваков тип.

https://www.facebook.com/nesso.anggel/videos/3666012216747239/

ЦИВИЛ Медиа го упати прашањето до портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски за лишување од слобода на момче со куче од страна на интервентна полиција и реакциите на граѓаните за прекумерна употреба на сила и побара информации за што се работи во конкретниот случај и која е причината за ваквата интервенција од страна на група полициски службеници.

Набргу стигна и соопштение, како одговор од МВР за конкретната ситуација, во кое се вели:

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема мерки и активности за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници во случајот кога неколку полициски службеници преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, а за што во текот на денот на социјалната мрежа Фејсбук се споделува видео од настанот. Во текот на утрешниот ден, јавноста ќе биде соодветно информирана за исходот од проверките Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот“

Со реакција се јави и заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, која г о искажа своето несогласување со начинот на кој постапиле полициските службеници.

„Во врска со објавеното видео на кое е прикажано приведување на момче со домашно милениче заради прекршување на полицискиот час, го искажувам своето несогласување со начинот на кој постапиле полициските службеници. Воедно очекувам и соодветна санкција за нивното непочитување на мерките и неносење на заштитни маски и ракавици. Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме?“, пишува Петровска на Фејсбук.

https://www.facebook.com/slavjanka.petrovska/posts/10221255869528952

Од видеото  може да се забележи дека акцијата ја спроведува Единицата за интервентна полиција. Единицата за интервентна полиција настана со спојување на единиците- за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“. Единицата, односно нејзините припадници се надлежни за остварување на работни задачи во посеопфатно и потемелно одржување на јавниот ред и мир, пред сѐ во делот на ефикасно спротивставување на сите облици на уличен криминал, особено кога е во прашање лоцирањето, справувањето и лишувањето од слобода на опасни, вооружени лица.

Симона М. Живкова

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ