Лажни биле денешните закани за бомби испратени на електронската адреса на 15 училишта во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението од МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа биле извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено било дека станува збор за лажни пријави.