Љ. С. (57) од Велешко денеска испукал два куршума во правец на ексминистерот за здравство, Никола Тодоров во 12.05 часот, во непосредна близина на Министерството за здравство.
Тодоров не е повреден.
„Напаѓачот е веднаш приведен во полиција на распит. При увидот пронајдена е само една чаура, а биле испукани два куршума“, соопштуваат од Одделот за односи со јавност во МВР.
Од МВР не ги коментираат гласиштата на социјалните мрежи дека напаѓачот е дедото на малата Тамара Д. од Велес, којашто не ја доби навреме бараната помош од државата, за оперативен третман во странство. Тамара почина еден ден пред да ги добие официјално документите за лекување од Фондот за здравство.
М. Т.