• Latest

Здравство: Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вонредните инспекции во 18 модуларни болници не констатира недостатоци

September 20, 2021

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Здравство: Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вонредните инспекции во 18 модуларни болници не констатира недостатоци

September 20, 2021 13:31
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници не констатира недостатоци, соопшти Министерството за здравство.

Извршени се вонредни инспекциски надзори во клиниките за инфективни болести и фебрилни состојби, за детски болести и за пулмологија во Скопје, во клиничките болници во Штип и Битола, во општите болници во Кочани, Струмица, Куманово, Прилеп, Гостивар, Гевгелија, Струга, Охрид, Кавадарци, Велес, Кичево и Дебар, како и во Здравствениот дом во Ресен.

Предмет на надзор согласно надлежностите на ДСЗИ, како што се посочува, беше: опис на модуларната болница: капацитет на болницата со број на болнички соби, болнички кревети, дополнителни простории, моментална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница, санитарно хигиенска состојба на објектот; увид потврда за извршена ДДД од овластена установа; увид дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот; увид во делот дали и колку од персоналот се комплетно вакцинирани, начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад; број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите (лекари, сестри, болничари, хигиеничари), дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница; дали се почитува забраната за посета  на надворешни лица. Доколку се затекне било кое лице кое е во посета задолжително да се евидентира во записник; увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.

Од ДСЗИ информираат дека констатирано е дека во моментот на надзор во модуларните болници во Битола, Гостивар и Кочани нема хоспитализирани пациенти.

-Модуларната болница во Дебар од своето пуштање во функција на ден 21.03.2021 година до 01.07.2021 год била затворена, за потоа да продолжи да функционира како вакцинален пункт.

Модуларната болница во Штип од 29.05 2021 година функционира како инфективно одделение со оглед на тоа што одделението, од КБ се реновира. Модуларната болница во Ресен функционира како амбуланта за тријажа, земање материјал за ПЦР  тестирање и како дневна болница, но нема лежечки пациенти. Модуларните болници во рамки на клиниките за пулмологија и за детски болници исто така функционираат како амбуланта за преглед и тријажа. Во останатите има хоспитализирани пациенти.

По однос на санитарно-хигиенската состојба, извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигиенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција, динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини не се констатирани недостатоци. Во сите модуларни болници  е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал; лекари (специјалисти и специјализанти) и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти.

Во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести во Скопје по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар. За нега на пациентите се грижат болничари или сестри за нега. За одржување на хигиената се грижат хигиеничари. Вработените во модуларните болници се имунизирани, а дел имаат прележано Ковид-19. Од спроведените инспекциски наздори не се констатирани недостатоци, стои во соопштението.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ