• Latest

МЗ: Центарот за превенција и контрола на болести на САД со нова студија која ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19

September 12, 2021
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
„Бољи живот“ - Лидија Вукичевиќ со јогурт на главата, Белград, 17 ноември 2026 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Вучиќ од вториот и третиот чин

November 18, 2026

Кремљовска мрежа ботови „Матрјошка“ поттикнува сепаратизам пред изборите во Шпанија

November 18, 2026
Големата сала во српскиот парламент (извор: parlament.gov.rs)

Србија: Вучиќ со 103-минутен говор ја претвори конститутивната седница во политичка пресметка – што се случи?

November 18, 2026
Еврокомесарката за проширување Марта Кос (photo: EC - Audiovisual Service)

Скандал: Српска националистичка песна на ЕУ форумот за проширување – што се случи?

November 17, 2026
Роботика во практична демонстрација: Прецизно ракување со предмети. (Извор: Google / Gemini, screenshot)

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Црно Море: Потона товарен брод во бугарската економска зона, сомнежи за напад со морски дронови

November 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

МЗ: Центарот за превенција и контрола на болести на САД со нова студија која ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19

Оваа студија, како што се посочува, е спроведена во период од повеќе од три месеци, испитувајќи ги хоспитализациите и смртните случаи од вирусот Ковид-19 и заклучоците од истата покажуваат дека дури 10 пати е поголема веројатноста невакцинираните луѓе да бидат хоспитализирани, односно 11 пати е поголема веројатноста дека ќе имаат смртен исход од болеста.

September 12, 2021 15:50
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за превенција и контрола на болести на САД во петокот (10 септември) објави нова студија, која јасно ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19 против сериозни болести или смрт, соопшти Министерството за здравство.

Оваа студија, како што се посочува, е спроведена во период од повеќе од три месеци, испитувајќи ги хоспитализациите и смртните случаи од вирусот Ковид-19 и заклучоците од истата покажуваат дека дури 10 пати е поголема веројатноста невакцинираните луѓе да бидат хоспитализирани, односно 11 пати е поголема веројатноста дека ќе имаат смртен исход од болеста.

Според анализите во раното издание на студијата за состојбата со пандемијата, земајќи го во предвид четвртиот епидемиолошки бран и значајното проширување на новата делта варијанта во САД, хоспитализацијата и смртта од болеста доживуваат пад во текот на целиот период.

Центарот за превенција и контрола на болести на САД во својот неделен извештај кој се однесува на морталитетот и морбидитетот укажува на стапките на инциденца, поврзани со ефективноста на вакцините. Инциденцата на инфекција со САРС-КоВ-2, хоспитализација и смрт е повисока кај невакцинираните отколку вакцинираните лица, и според Центарот за превенција и контрола на болести на САД вакцинирањето штити од тешки заболувања од Ковид 19, вклучувајќи го и делта сојот на вирусот. Следењето на инциденцата на Ковид-19 според статусот на вакцинација може да обезбеди рани сигнали за потенцијални промени во ефективноста на вакцината, што може да се потврди преку цврсти контролирани студии.

Линк до студиите:
https://www.cdc.gov/mmwr/volumes/70/wr/mm7037e1.htm?s_cid=mm7037e1_w
https://www.cdc.gov/mmwr/volumes/70/wr/mm7037e2.htm?s_cid=mm7037e2_w

Вакцините се безбедни и штитат од неконтролирано ширење на вирусот Ковид-19. Сите вакцини штитат од тежок тек на болеста и смртен исход и тие се единствениот начин да се спречи оваа пандемија со која се бориме веќе долго време. Сите студии, анализи насекаде во светот покажуваат значајни придобивки во борбата вирусот. Само со масовна вакцинација ќе успееме да се извлечеме од вирусот Ковид-19 и да се вратиме во нормален и безбеден начин на живеење, стои во соопштението.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ