• Latest

МЖСПП на Меѓународниот ден на животната средина: Секој од нас има своја улога во нејзиното зачувување

June 5, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

МЖСПП на Меѓународниот ден на животната средина: Секој од нас има своја улога во нејзиното зачувување

June 5, 2021 09:24
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на животната средина – 5 јуни е причина да се радуваме на нашата здрава животна средина, но и да се потсетиме дека секој од нас има своја улога во нејзиното зачувување, порача денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во соопштението се наведува дека денеска почнува Декадата на Обединетите Нации на тема „Обновување на екосистемите“.

Според Програмата на ОН за животна средина (УНЕП), обновата на екосистемите и изнаоѓањето на природни решенија може да помогне глобалното затоплување да биде под 2C до 2030 година, притоа помагајќи им на економиите и општествата да се адаптираат на климатските промени.

Истовремено, со обновата на природните површини може да се спаси опстанокот на видовите и до 60 отсто. Обновата на екосистемите придонесува исполнување на сите 17 Глобални цели за одржлив развој вклучувајќи ги и целите за намалувањето на сиромаштијата и гладот.

-Како Министерството за животна средина и просторно планирање работиме на прогласување на нови заштитени подрачја, зајакнување на еколошките стандарди и носење на храбри заложби за намалување на климатските промени. Сепак сметам дека потребни ни се заеднички напори не само од владите туку и од компаниите и граѓаните за да станеме генерацијата што ќе склучи мир со природата. Преку користење на транспорт што не му штети на воздухот и избегнување на амбалажа за една употреба, ние можеме да станеме дел од решението, порача министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, по повод Меѓународниот ден на животната средина.

Според податоците на УНЕП, деградацијата на екосистемите веќе негативно влијае на речиси 3,2 милијарди луѓе, односно на 40 отсто од светската популација (IPBES, 2018), а секоја година светот има загуба од 10 милиони хектари шума, површина со големина на Република Кореа (FAO and UNEP, 2020).

Ерозијата на почва во глобални рамки нанесува штети од 6 трилиони долари годишно (Sutton et al., 2016). Денес имаме 30 отсто помалку природна питка вода во споредба со 1970 година.

-Доколку сакате да ја поддржите декадата на ОН „Обновување на екосистемите“, покажете на кој начин се грижите за животната средина и користете го хаштагот #GenerationRestorationand #WorldEnvironmentDay, се вели во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ