На листата на акредитирани набљудувачи на Државната изборна комисија се и шестемина набљудувачи од Македонскиот центар за култура и развој (МЦКР)
Претседателот на МЦКР, Нелко Нелковски, на прес-конференцијата во средата, по вторпат презентирајќи го Извештајот за превенција за време на избори во 2014 и 2016, изјави дека превентивно треба да се огледаме на случајот со Каталонија, не за друго, туку дека е многу битно, ни капка крв да не се пролее на изборите.
Новинарката на ЦИВИЛ Медиа поттикната од обраќањето на Нелковски, го постави прашањето: Што МЦКР превенира, што ќе набљудуваат и каде ќе бидат присутни на овие избори? Дополнително, како ќе постигнат да превенираат од инциденти, насилство, изборни нерегуларности…, само со 6 набљудувачи?
Точно, Македонија е мала земја, но плодоносна кога станува збор за изборни нерегуларности, а за кои МЦКР уште сега, треба да преземе мерки за превенција.
Со сите шест набљудувачи…
Б. Ј.