Граѓаните возат велеслалом избегнувајќи ги дупките, а некои не можат никако да се избегнат од стотиците дупки на патниот правец Гостивар – Стража, објави Јасмин Реџепи на својот Фејсбул профил.
„Дали надлежните чекаат снег да ги покрие или имаат договор со авто-сервисите па чекаат што повеќе автомобили да се испокршат? Фактурата за гуми, бандаши, зглобови и амортизери на која адреса да ја пратам? На што личи ова неизвршување на должностите? Не патуваме со коњи и камили за да имаме вакви средовековни патишта, одговорност!“, додава тој.
Д.М.