• Latest

Не помагаат веќе „чадните завеси“!

June 8, 2016

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Не помагаат веќе „чадните завеси“!

June 8, 2016 18:00
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако секогаш сум се залагал за жестока борба за искоренување на корупцијата во целото општество, а особено, во полицијата, судството, здравството, образованието…, (за уцените  и притисоците со сексуално злоставување на факултетите или во фирмите, и да не зборуваме), за акцијата „Еразмус“ на МВР и на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во која, според веќе видените и добро познатите сценарија за сеење паника низ Македонија, до заби вооружени полицајци упаднаа и во комплексот на УКИМ, едноставно, тешко можам да најдам било какво оправдување. А начинот пак, на „покривање“ на најновиот полициски спектакл од медиумските мегафони на Владата, веднаш ми создаде грд вкус во устата, навестувајќи дека се работи за уште еден проѕирен обид на власта за каков-таков спин на дневно-политичките катастрофални порази кои таа ги доживува во речиси сите сфери: од Шарената револуција – дома, до жестоките дипломатски шлаканици од странство.

Синиша Станковиќ
Пишува: Синиша Станковиќ

Откако зовреа социјалните мрежи за уште едно нарушување на автономијата на Универзитетот во стилот на холивудските акциони филмови, а Обвинителството му препушти на министерот за внатрешни работи Митко Чавков да го обелодени наводниот успех на полициската акција во која, според медиумските извештаи учествувале и „Тигрите“ (официјално, преку „делегирање“ на дел од надлежностите на ЈО на МВР), обвинителката Лидија Раичевиќ, конечно се појави во јавноста со теза дека акцијата е изведена според светски стандарди: „За половина час да организирате акција во која ќе ги обезбедите на најефикасен и најдобар можен начин доказите е за пофалба, а никако за критика. Ниедно човеково право не е нарушено, ниту законитиот тек на постапката е нарушен со било каква постапка или наредба на ЈО и МВР“.

А на критиките за начинот на изведување на акцијата и за неповредивоста на Универзитетот, Раичевиќ, децидно одговори дека „не значи дека ако има автономија, може да има кривични дела. Ќе се согласите дека автономија по дефиниција не значи анархија“, како и дека согласно Законот за високо образование, во случај кога полицијата се соочувала со затекнато лице на извршување на кривично дело или требала да спречи такво дело, можела да влезе и на просторот на Универзитетот.

Не е спорно дека сите дела на мито и корупција треба да се санкционираат според законот. Е сега, дали за осомничените осумина за примање мито – шест професори на Економскиот факултет, еден демонстратор и управителот на бифето, меѓу кои двајца се осомничени и за барање и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит – навистина постојат цврсти докази (според, Обвинителството, наводно, над осомничените две години се применувани посебни истражни мерки за следење и бил евидентиран поткуп од вкупно 2.800 евра) во некоја друга држава, би покажала истрагата и судската постапка.

Но, за жал, живееме во Македонија, држава во која од една страна полицијата прикриваше убиство на момче од полицаец додека Обвинителството си гледаше сеир, а од друга страна, имаше политички затвореници од опозицијата и на политичките неистомисленици (и на нивните семејства!?) им се закануваше завршување во ендек, за што досега никој не е повикан на одговорност. Затоа, ваквата „цврстина“ во настапот и тајмингот на прес-конференциите на министерот и обвинителката, само го зацврстуваат сомневањето дека се работи за уште една „чадна завеса“ на власта.

Со која, евентуално, треба да се потсокрие којзнае која по ред нелогичност во однесувањето на „Пишман-аџијата“ во претседателскиот кабинет и резилот со аболицијата, (но и фактот дека истиот „претседател на далечинско“ сé уште не и одговорил на јавноста како дошол до податоците за постапките на Специјалното јавно обвинителство кои се тајни, ако не се смета карикатуралната реченица – „каков сум јас претседател ако немам свои извори на информации“!?), или да се дефокусира јавноста од тешките криминални случаи во кои се вмешани политичари, или да се замаглат јасните досегашни пре-пораки на ЕУ и актуелните, на гостинот Хајндл – дека власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не може веќе да бега од потписите под Договорот од Пржино, односно, дека Македонија мора да стане правна држава. Без оглед каков став за тоа има автократската власт. (Дисциплинирањето и „смирувањето“ на судиите, јавните обвинители и јавнообвинителската администрација со зголемувањето само на нивните плати, ги предизвика 2.300 вработени во судска администрација да штрајкуваат и да најават истурање на вреќа сол за инаетливиот министер за правда Валдет Џафери од ДУИ – кој во стилот на целиот коркачки кабинет на Никола Груевски, како ѓавол од темјан бега од соочување и одговарање на новинарски прашања – што би бил само еден од протестите на дел од стотиците илјади незадоволници во државава, за со него да не се санкционираат и адвокатите, и пред сé, се оштетуваат обвинетите и притворените лица, па уште повеќе се срчосува токму правната држава и довербата во институциите на системот).

Сепак, колку и да ги насолзуваат очите на просечниот македонски граѓанин, ваквите „чадни завеси“ и медиумски спинови сé потешко врват. Сé потешко се лаже и меѓународната заедница. Време е на одбројување на последните мигови на творците на несреќата која ја нападна Македонија последнава деценија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Синиша СтанковиќЦивилчадна завеса
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ