• Latest

Не сакаме да се плашиме дали децата живи ќе ни се вратат од училиште!

August 22, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Не сакаме да се плашиме дали децата живи ќе ни се вратат од училиште!

August 22, 2017 17:46
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На протестот организиран од неформалната граѓанска иницијатива „Во одбрана на Дебар Мало“, жителите на скопската населба, во понеделникот се собраа пред објектот на Министерството за култура, за да бараат – да им се врати нивната населба, да им се вратат тротоарите кои се користат како паркинзи.

По трагичниот инцидент во кој една граѓанка го загуби животот, откако беше прегазена од возило за достава на стока во сообраќајниот хаос во Дебар Маало, учесниците на протестот, порачаа: „Со години ни го силуваат нашето Дебар Маало, изградија повеќекатници, уништија паркови, сечеа дрвореди, преименуваа улици… СТОП на ова насилство!“

Според дебармаалци, новиот ДУП во Општината центар предвидува „бришење“ на пазарчето Буњаковец, изградба на повеќекатници како оние што ги гради Џеваир во Аеродром, доуништување на, и онака малку, престанатото зеленило, „уривање и на последните стари куќи што нашите претци-дебарчани ги изградија“.

На протестот беше испратен повик: Ги повикуваме сите дебарамаалци, поранешни и сегашни, да ставиме крај на ова насилство! Да се појавиме масовно во просториите на Општина Центар и да ги доставиме нашите приговори. Да се обединиме во платформа во одбрана на Дебар маало! Да ги активираме постоечките Урбани заедници, порано познати како месни заедници и да доставуваме наши предлози за тоа – какво маало и град сакаме! Да ја јакнеме солидарноста меѓу дебармаалци и жителите на останатите населби и маала, без разлика на верска, етничка и социоекономска припадност“.

Општина Центар го поздрави протестот на граѓаните на Дебар Маало, кои побараа заштита на пешаците и ослободување на тротоарите од возила. Оттаму сметаат дека барањата се целосно оправдани и најавија дека ќе се посветат на решавање на овој проблем.

„Како прв приоритет е обезбедување простор за паркинг на повеќе возила во Дебар Маало, за што веќе е најдено решение. Наскоро ќе биде поставен монтажен паркинг меѓу општината и Министерството за одбрана, со влез и излез од улицата ‘Орце Николов“’ Паркингот ќе обезбеди место за 270 до 290 возила“, соопшти Општина Центар.

Општина Центар информира дека ќе се изработи студија за мерење на сообраќајот и проекција за потребниот паркинг простор за резидентите, од која ќе се подготви решение за целиот кварт. Општина Центар соопшти и дека ќе иницира формирање на координативно тело со претставници од сите надлежни институции, со претставници на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ЈП Паркинзи на Општина Центар. И граѓаните ќе можат да учествуваат во ова тело и да даваат сугестии во фаза на изработка на решението.

 

Текст, фото и видео: Вулнет Махмути

Монтажа: Даниела Нисева

Tags: „Во одбрана на Дебар маалоГрад Скопјенеформална иницијативаопштина центарПротест
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ