• Latest

Не славам!

May 19, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не славам!

May 19, 2017 10:25
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Не славам додека не ги видам сите криминалци надвор од државните институции! Не славам додека не ги видам сите криминалци во затвор! Не славам затоа што мајките на Мартин, Тамара, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски никогаш нема да прослават со своите деца!

Пишува: Маја Ивановска

Не славам затоа што сè уште собираме донации за дечиња болни од рак, наместо да имаме услови за нормално здравство!
Не славам затоа што во последните пет месеци починале 61 бебе на клиниката за смрт.
Не славам затоа што прво треба да закажеш 4Д преглед на клиника, па потоа да правиш дете, за да се совпадне терминот!

Не славам затоа што долгот на државата сè уште расте, правопропорционално со вашите насмевки!
Не славам затоа што деца пред камери плачат затоа што се гладни!
Не славам затоа што текстилните работнички немаат слободен ден и работат во мизерни услови за мизерна плата!
Не славам затоа што една соговорничка од Пробиштип, од текстините работнички, низ солзи ми рече дека нејзината деветнаесетгодишна ќерка, оваа година за првпат го видела Охрид.
Не славам затоа што рударите во Злетово сè уште работат без вентилација.
Не славам затоа што една третина од обработливата почва ни е контаминирана и загадена, а надлежните молчат.

Не славам затоа што наместо зад решетки, Груевски е сè уште на слобода и промовира нови вработувања на „Курир“ (со исти услови како за текстилните работнички и рударите).

Не славам затоа што една самохрана мајка не може да си го прати детето во градника, бидејќи градинката нема услови да вработи дефектолог.
Не славам затоа што се отвораат градинки во места каде не се слушнала детска смеа и плач со години, само за сликање и сечење ленти!
Не славам затоа што син ми и денес е на училиште и сè уште учи по Кембриџ!

Не славам затоа што Ромите сè уште (им) се важни само за избори!
Не славам додека ДИК објавува извештаи за некакви наводно завршени работи на службата, а јас сè уште имам фантоми на адреса и голем број граѓани не можат да го искористат своето право на глас!
Не славам додека информации од јавен карактер не им се достапни на граѓаните!

Не славам додека Бетмен сè уште ги склопува коцките!
Не славам затоа што сè уште се тепаат новинари!
Не славам додека лудаци газат луѓе по улици и не одговараат за тоа!

Не славам затоа што локалните бараби сè уште се однесуваат како шерифи, а полицијата ја нема никаде!
Не славам затоа што вработен во јавна администрација, тепач од насилствата во Собранието, им се заканува на моите најблиски!
Не славам затоа што судењето за насилниците од Собранието е одложено, зашто не се појавил бате Геле!
Не славам додека го слушам „претседателот“ на државата како бара амнестија за оние кои се виновни за сето ова!

Не славам затоа што Кочан си искешира милионче, наши пари – за негова слобода!
Не славам затоа што сè уште нè делите на наши и на ваши!

Не славам затоа што ова е само почеток на падот на нешто што системски не уништува 26 години!

Не славам затоа што изминатиов месец направив анкети во девет градови и ниту еден соговорник не ми рече дека постои правда во оваа држава!

Не славам затоа што сè уште не сме свесни во колку длабока бездна сме!

Не славам додека не видам реални промени!

Не славам додека не видам иднина за моите деца тука!

 

Tags: #ТамараАлександарГруевскиДИК; КочандржаваиднинаКире Ѓ.мандатМартинправдапромениреални промениславењеФилипЦветанчо
Share21TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ