Американскиот претседател Доналд Трамп се опиша себе си како „многу стабилен гениј“ по објавувањето на контроверзната книга „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“.
– Всушност целиот мој живот, најдобрите особини кои ги имав се менталната стабилност и тоа што сум многу паметен. Почнав од многу успешен бизнисмен, преку телевизиска ѕвезда и до претседател на САД (од прв обид). Мислам дека тоа ме опишува не како паметен, туку како гениј… и тоа многу стабилен гениј! – напиша Трамп на Твитер.
Контроверзната книга на авторот Мајкл Волф веќе стана бестселер, иако е објавена вчера, а во неа Трамп е опишан како лажливец и неподготвен за победа на изборите во 2016 година.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.