На 13-ти декември го издвојуваме тринаесетиот член од Универзалната декларација кој гласи: 1.Секој има право на слобода на движење и избор на престојувалиште во границите на одделна држава, 2.Секој има право да напушти која и да е земја, вклучувајки ја и својата, како и да се врати во својата земја.
Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати.
Негирањето на правото на слободното движење во рамките на националните и меѓународните граници може да има длабоки последици по другите основни човекови права, кои што се наведени во Универзалната декларација за човековите права.
Доколку некому му е одземено правото да го напушти домот, тоа лице може да биде политички репресирано, да биде спречено да ги ужива основните права, да биде блокирано да оди на работа или да се образува и со што ќе се влијае на квалитетот на неговиот/нејзиниот живот.