• Latest

На чекор до едуцирана изборна администрација

March 21, 2019

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На чекор до едуцирана изборна администрација

March 21, 2019 17:55
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секогаш кога зборуваме за нерегуларностите во изборните процеси, првa на листата на спроведувачи на истите е изборната администрација.

По дефиниција, изборна администрација ја сочинуваат вработените во стручната служба на Државната изборна комисија, членовите на изборните органи, секретарите на општинските изборни комисии, нивните заменици и други лица, времено ангажирани за изборен процес во помошните тела на Државната изборна комисија. Тоа се луѓето одговорни за тоа како и колку успешно ќе се спроведат изборите и како и колку во самиот процес ќе се почитуваат законските одредби, особено во заштита на гласачкото право.

Со стручната служба на ДИК раководи генерален секретар кој е надлежен за сите вработени во неа, со статус на државни службеници.

Изборните органи се надлежни за спорведување на изборните дејствија на самиот ден на гласање. Секој од изборните органи има свој претседател, членови и нивни заменици.

Општинските изборни комисии имаат надлежности во општината во која се формирани, односно Град Скопје, кога станува збор за локални избори. Тие се надлежни за спроведување на изборните дејствија во изборните единици и избирачките места онака како што се определени со Изборниот законик.

Претседателите, замениците и членовите  на ОИК се избираат од вработените во државната, општинската и администрацијата на градот Скопје, со високо образование, по случаен избор, за време од пет години. Нивни надлежности, меѓу другото, се и именување на составот на избирачките одбори, разрешување на членовите на ИО во случај на нивно противзаконско работење, пред денот на изборите и на денот на изборите, издаваат упатство за работење на избирачките одбори и се надлежни за нивната едукација. Понатаму, ОИК ја контролираат законитоста на работењето на избирачките одбори и интервенираат во случаите кога е констатирана повреда на законитоста во подготовките, кандидирањето и спроведувањето и утврдувањето на резултатите на изборите, како и на упатствата и препораките дадени од неа. Една од важните функции на ОИК е, исто така, да ги информираат гласачите за местото на гласање. Значи, доколку граѓанките и граѓаните не се сигурни каде гласаат, како и за други прашања поврзани со изборниот процес и нивното гласачко право, можат да се обратат во ОИК.

ОИК се надлежни и за приемот на целокупниот изборен материјал од избирачките одбори, ги сумираат резултатите од гласањето за листата на кандидати од избирачките места за кои се надлежни, составуваат записници и истите и ги предаваат на ДИК.

Избирачките одбори се составени од претседател и четири члена. Дел од нив се бираат по случаен избор од државната администрација, а по еден член и негов заменик именуваат политичките партии од опозицијата кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови. Важно е да се напомене дека лицето избрано за член на изборниот орган има право да не прифати да ја извршува таа должност, во случај на болест или семејни причини. Нивната работа на денот на гласањето се дели во две смени за да можат да го остварат и своето гласачко право.

Задачите на избирачките одбори се состојат во непосредно спроведување гласањето на гласачкото место, обезбедуваат правилност и тајност на гласањето, обезбедуваат слободно и мирно одржување на гласањето, го утврдуваат и сумираат резултатот од гласањето на гласачкото место, резултатите од гласањето ги објавуваат на самото место каде што се спроведувало гласањето.

Но, оваа формалност, со описот и надлежностите на изборната администрација, подразбира и флуидна соработка меѓу сите нејзини органи од врвот, односно ДИК, до секој поединечен член на изборачките одбори.

И самиот претседател на ДИК, Оливер Деркоски, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека најслабата карика на изборната администрација се токму избирачките одбори. Новина за претседателските избори 2019, е поинаков едукативен пристап на членовите на ИО, но и користење на технолошки алатки што ќе ги применуваат избирачките одбори, со што ќе се забрза процесот на објавување на прелиминарните резултати од гласањето.

Б. Јордановска

 


Повеќе информации за тоа како изгледаат нергуларностите поврзани со изборната администрација преку мониторингот на ЦИВИЛ:
Соочување со гласачката реалност – (не)едуцирана изборна администрација и хаотичен Избирачки список
ЦИВИЛ: Локалните избори во знакот на лоша изборна администрација
Слободни избори: Научени лекции
Избори 2016


Со цел да придонесе кон јакнење на јавната свест за правото на глас, како и за нерегуларностите во изборните процеси, ЦИВИЛ започна со серија едукативни текстови за различни аспекти на изборните процеси. 

Граѓанките и граѓаните што имаат информации за кршење на правото на глас, злоупотреби, притисоци и други нерегуларности во текот на изборниот процес, можат да пријават на онлајн формуларот Слободни избори или да контактираат со ЦИВИЛ на monitoring.civil@gmail.com, во инбокс на ФБ страницата на ЦИВИЛ или да се јават на 02/5209176.

 

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ