• Latest

На гладно срце химна не се пее, и во Штип

February 11, 2024

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БРЗА ПОШТА

На гладно срце химна не се пее, и во Штип

February 11, 2024 15:14
in БРЗА ПОШТА, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Откако на крајот на последниот ден од октомври пишувавме дека во основните училишта во скопските општини Аеродром и Гази Баба основците, построени во училишниот двор (или спортската сала) ја пејат државната химна, додека градоначалниците, од вмровска провиниенција, задоволно го „сукаат патриотскиот мустаќ“, не беше тешко да се предвиди дека ваквата тенденција ќе се прошири и на други „вмровски“ општини, (по „диктат“ на “шпицниот градоначалник“).

За жал, веќе на првиот ден од вториот месец од годинава, предвидувањето се оствари.

Од сега, секој понеделник учениците од штипските училишта ќе интонираат државната хима, а училиштата на видно место ќе го истакнуваат државното знаме, објави секретарката на Општината, Вишна Шорова Ангелова, која, како вистинска вмровка, долгогодишна функционерка во неколку државни институции, не заборави да нагласи „ знамето на Република Македонија“, иако зема плата од институција во држава чие уставно име е Република Северна Македонија.

Дали ја променила патната исправа со нова на која пишува „Република Северна Македонија, не дознавме, но тоа секако ќе се открие наскоро, доколку Вишна реши да отпатува (службено или приватно) надвор од земјата.

Епа, нека пеат децата, нека се „билда“ патриотизмот…

Но, гладен химна не се пее. Како не се сетивте, онака, веома врло патриотски, на децата во основните училишта да им обезбедите бесплатен топол оброк. Да им ги отворите кујните, мензите (кои претпоставувам постојат во училиштата, барем така беше „на времето“), па по отпеаната химна, така сите заедно, другарски, да појдат да каснат топол оброк, и да се напијат топло чајче, а може и топло млекце, па да им бидат стоплени и грлата и срценцата.

Или нивната исхраната не ви е доволно патриотска категорија за да брцнете во општинските каси? Детските грла ви се сепак бесплатни.

Сепак, на објавата на одлуката на општина Штип, на социјалните мрежи се појави и интересно прашање, кое истовремено претставува и логичен предлог до раководителите и вработените во општината:

А зошто и вие у општината да не ја пеете химната и онака ништо не работите?

А дека може поинаку, и патриотизмот, оној вистинскиот кој води грижа за напредокот на општината и државата, да се изрази и преку позитивни примери кои ќе придонесат за подобрување на социјалната состојба на граѓаните и ќе создаде подобри услови во образованието, докажува одлуката на општина Пробиштип, учениците од прво до петто одделение во училиштата во Пробиштип да добиваат бесплатен топол оброк.

Tags: ВМРО - ДПМНЕградоначалнициОпштина Штипхимна
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ