• Latest

На Инфективното одделение во Велес хоспитализиран еден сомнителен пациент на коронавирус

March 20, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

На Инфективното одделение во Велес хоспитализиран еден сомнителен пациент на коронавирус

March 20, 2020 18:16
in КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter
На Инфективното одделение при велешката Општа болница од вчера е хоспитализиран маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска и кој има симптоми слични на коронавирусот. Има покачена температура и сува кашлица, а добил и мозочен удар.

-Земен му е брис и се чекаат резултатите од лабораторијата во Скопје, изјави за МИА докторка Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општата болница.
Таа апелира до граѓаните да не се шират лажни вести и информира дека засега во Велес нема ниту еден  потврден случај на Ковид-19 и нема место за паника.

За постариот брачен пар кој се вратил од Германија за кој во јавноста се ширеа дезинформации дека се заразени од корона вирус, докторка Николовска Неделкова вели дека тие немаат симптоми на корона вирус и се вратени во домашна самоизолација уште една недела или за вкупно 14 дена колку што е потребно да се самоизолираат.

Од  Центарот за јавно здравје велат дека нема место за паника бидејќи нивните епидемиолошки екипи секојдневно ја следат состојбата на терен и засега нема регистрирано случај на заболен со коронавирусот. 
Доктор Тони Димитриев апелира до граѓаните кои се враќаат во земјава од странство да не се јавуваат без потреба во Центарот за јавно здравје, туку да самоизолираат со што ќе го заштитат сопственото, но и здравјето на останатите граѓани.

– Кај нас да се јават само оние кои имаат сиптоми како покачената температура, сува кашлица и отежнато дишење, а останатите кои се вратиле од странство  да се придржуваат кон мерките за 14-дневна самоизолација, појансува Димитриев.

Центарот за јавно здравје од Велес ја следи состојбата и во општините Свети Николе, Неготино, Кавадарци и Гевгелија. 

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ