• Latest
илустрација генерирана со помош на GENCRAFT

На сите им треба дестабилизацијата како изговор, а Албанците како боксерска вреќа

August 9, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На сите им треба дестабилизацијата како изговор, а Албанците како боксерска вреќа

На земјата навистина ѝ претстои дестабилизација, но нема да ја предизвика ДУИ или поточно – нема да ја предизвика само ДУИ.

August 9, 2024 11:59
in АНАЛИЗИ, ЕДИТОРИЈАЛ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
илустрација генерирана со помош на GENCRAFT

илустрација генерирана со помош на GENCRAFT

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА 

(превод од оригиналот објавен во CIVIL.TODAY на 8 август)

Пропагандните наративи во голема мера се потпираат на алузии, симболи и кодиран јазик, а им недостасува каква било фактичка содржина. Дури и кога се содржат факти, тие се толку искривени што повеќе не служат како вистина, туку како алатки за дезинформација. Фактите се извртуваат за да одговараат на пропагандата, при што се замаглува границата меѓу реалноста и фикцијата. Конструкциите треба да ја „потсетат“ таргетираната публика на состојби и настани од сегашноста и минатото, а со тоа да ги поттикнуваат и влошуваат меѓуетничките и политичките тензии.

Дестабилизацијата станува еден од клучните зборови со кои се опишува македонската реалност и прогнозите за развој на ситуацијата.

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги одржува своите долгогодишни националистички наративи, често невешто затскриени зад неуморните напади кон ДУИ. Тие напади се засилуваат за време на изборните кампањи и останаа главен наратив по формирањето на владата на Мицкоски. Од друга страна, на ДУИ главен таргет им беа и останаа „вазалите“ од коалицијата ВЛЕН. Интересно, се чини дека ДУИ своите контранапади кон ВМРО ги насочува повеќе кон ВЛЕН, отколку врз ВМРО. Веројатно се надеваат дека ќе се најдат во ситуација слична на 2008 година кога непомирливиот противник на ДУИ, Никола Груевски, сепак, ги прибра нив во владина коалиција по предвремените парламентарни избори, а потоа среќно владееја речиси една деценија. И СДСМ, или барем тоа што остана од партијата, одбира да кокетира со националистичките наративи и најчесто го таргетира ВЛЕН, откако претходно целосно се оддалечи од ДУИ. Не мора посебно да се нагласува дека десничарските партии ЗНАМ и Левица се натпреваруваат во тоа што најдобро (единствено) го знаат – национализам. ВЛЕН е нова шаренолика коалиција која допрва треба да создава политички капитал како коалиција, но тешко им оди. Бавно формираат заеднички ставови и, барем засега, не се снаоѓаат во ситуацијата, така што и нема многу простор за прецизна оценка на нивната ориентација и капацитети.

Уште пред изборите, Мицкоски зборува за некаков соработник на Али Ахмети што наводно уживал во луксузен хотел во Истанбул, па од хотелскиот луксуз контролирал некоја наводна вооружена група што се движела низ Бутел и Чаир. Неговиот пријател, адвокат и министер за внатрешни работи, Панче Тошковски целосно ја поддржува приказната на Мицкоски и уверува дека заканата постои, но дека граѓаните не треба да бидат загрижени. Тоа му доаѓа отприлика како „куќата навистина ни гори, но не треба да се плашите, ние сме тука, ќе го гасиме пожарот“.

Овие и слични тврдења, поткрепени со нула факти и докази, беа искажани и во изјавата на премиерот Мицкоски на заедничката прес конференција со косовскиот премиер Албин Курти. Остана непознато дали и колку во ова сценарио учествува и самиот Курти или заминал со кнедла во грлото. (линк до прес конференцијата)

Едно е јасно, сите заедно користат националистички наративи и пораки, кој помалку, кој повеќе, некогаш прикриено зад кодираниот говор, а најчесто сосема отворено. Национализмот останува најевтината инвестиција со највисок и најбрз политички профит.

Што е поентата?

Мицкоски со месеци тврди дека ДУИ се подготвува да ја дестабилизира државата. И тука се впушта во криптични изјави со „аха, те фатив“ стории што со месеци во континуитет ги зачинува со „убедливи детали“ за кои не изнесува никакви докази, а уште помалку се занимава со тоа на институционално ниво. Кога премиерот и министерот за внатрешни работи ви тврдат дека постои заговор за безбедносна дестабилизација на државата, очекувате институционална реакција, а не ширење страв од говорница и пред камери.

На земјата навистина ѝ претстои дестабилизација. Но нема да ја предизвика ДУИ или поточно – нема да ја предизвика само ДУИ – затоа што нема таков капацитет, а уште помалку интерес за тоа. Националистичките наративи на сите актери на политичката сцена, сосе статистите, каскадерите и опортунистите – ќе доведат до тензии, можеби и до безбедносна криза со етнички карактер. Вооружени со национализам, сите заедно, но првенствено Мицкоски и неговата екипа, ќе ги вложат сите пропагандни капацитети да ја избегнат одговорноста за неуспехот на политички, економски и социјален план, а најмногу за неуспехот да продолжат со евроинтеграциите. Сево ова може многу кратко да се сведе на заклучок во една реченица: На сите им треба дестабилизацијата како изговор, а Албанците како боксерска вреќа.


Превод од оригиналот на англиски: Everyone Needs Destabilization as an Excuse, and Albanians as a Punching Bag / CIVIL TODAY

Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА
Tags: дестабилизацијамеѓуетнички односинационализам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ