• Latest

На улица: „Џон Кенеди“ – Чаир

November 23, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На улица: „Џон Кенеди“ – Чаир

November 23, 2017 13:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Џон Кенеди” е една од главните улици во општина Чаир, и се наоѓа во средиштето на Чаир. Едната страна на улицата е составена од кули (станбени згради) со неколку влезови, означени со бројки на последните спратови. Зад кулите се простира чаирското маало Серава и стар Чаир, до коешто се доаѓа преку споредни улички и сокаци помеѓу зградите.

На другата страна на улицата има училишта (едно основно и едно средно), градинка, дом за стари, улици што водат во чаирските маала Топанско Поле, Север, и другиот дел на Чаир. „Џон Кенеди“ е позната како улица, но највеќе се поистоветува со маало, бидејќи се простира по правата линија на главната улица, со многу улички што водат до дворовите на старите и сега веќе новоизградени станбени објекти.

Нашата мала видео – репортажа не ги опфати сите аспекти на живеење во ова маало, но, нашиот другар Ајдин Шерифи, којшто живее на „Џон Кенеди“ повеќе од дваесет години, ни помогна во нашиот обид да прикажеме дел од изгледот на улицата и маалото, начинот на живеење и проблемите со коишто се соочуваат жителите. Нашиот другар Ајдин, со оригинално чаирско изразување и движење, ги оплемени снимките што ги направивме низ маалото со неговите раскази коишто на моменти ќе ве насмеат (како што не насмеаја и нас додека бевме на посета во неговото маало) и ќе ви дадат една реална слика за животот на улицата – маалото „Џон Кенеди“.

Дијана Тахири / Фахри Хисени

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


НА УЛИЦА е нов начин да се приближиме до секојдневниот живот на нашите сограѓанки и сограѓани. Споделете ги своите животни мигови, вашите навики, проблеми и пораки со нас. Ајде да ја направиме приказната на вашата улица заедно. Побарајте нѐ на 02/5209 176 или пишете ни порака на Фејсбук или на мејл: civil@civil.org.mk. Тимот на ЦИВИЛ Медиа ве очекува. 

Tags: Ајдин Шерифимаалона улицарепортажаЧаирЏон Кенеди
Share40TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ