• Latest

Набљудувачите на ЦИВИЛ нотираат низа случаи на нерегуларности, притисоци и закани

September 27, 2018

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Набљудувачите на ЦИВИЛ нотираат низа случаи на нерегуларности, притисоци и закани

September 27, 2018 21:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Пропагандата за Референдумот е во полн ек низ целата држава. ЦИВИЛ – Центар за слобода го набљудува процесот и бележи бројни случаи на притисоци, закани, говор на омраза и лажни вести во целата земја. На самиот почеток на процесот поврзан со референдумот, ЦИВИЛ распореди 30 долгорочни набљудувачи кои редовно доставуваат информации од теренот, а ги следат кампањите и за поддршка и за бојкот на референдумот.

Политичарите и активистите на сите политички партии се на терен и одржуваат средби со граѓанките и граѓаните, концерти и делење информативен и/или пропаганден материјал како фалери, брошури, пенкала и запалки. Кампања од врата до врата се бележи во сите градови, а ја спроведуваат и структурите ЗА и ПРОТИВ. Општо земено, СДСМ ја предводи коалицијата ЗА Европска Македонија, заедно со голем број други политички партии, граѓански организации, синдикати и други општествени, бизнис и политички структури.

Во селото Пресил во Крушево, неколку жители им изразиле загриженост на набљудувачите и неволност да гласаат, бидејќи сметаат дека со Спогодбата меѓу Македонија и Грција ќе им се промени националноста „од Албанци и Турци во Македонци.

Според извештаите, локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ им се закануваат на жителите во Гостивар да не излезат да гласаат. Истата ситуација набљудувачите ја забележале и во Струга и Струшко. Исто така, набљудувачите од струшката општина известуваат дека локални функционери на СДСМ бараат да им се достават листи од 30 лица кои сигурно ќе излезат на гласање. Се бара име и презиме и избирачко место каде што се гласа.

Нововработените во администрацијата во Гостивар тврдат дека се под притисок да излезат и да гласаат на референдумот, изестуваат набљудувачите на ЦИВИЛ од тој регион. Се бара од членството на партиите да достават листи на лица кој ќе излезат на гласање. 

Набљудувачите на ЦИВИЛ нотираат ширење на лажни вести во директна комуникација меѓу активисти на Бојкотирам и гласачите во голем дел од општините низ Македонија, со посебни извештаи за Штип, Кочани, Зрновци, Пробиштип, Прилеп и повеќе општини во Скопје. Ова се еден дел од пораките во оваа категорија: „Се подготвува бришење на Македонија од картата на светот“, „Цените на производите и услугите ќе се покачат“, „Ќе им се одземе социјалната помош на социјално загрозените“, „Нема да има пензии“ итн.

Во Прилеп се нотиравандализирање на два партиски штабови на СДСМ. Исто така се бележат навредувачки и заканувачки пораки на ѕидот на старата општинска зграда, во која се наоѓа и подрачната канцеларија на Државната изборна комисија.

Пропагандата на социјалните мрежи е во полн ек, со многу говор на омраза и навредлив говор, непристојни и навредливи коментари и повици на насилство, кои предизвикуваат страв и несигурност кај граѓанките и граѓаните. Примери за ваквиот говор се:  „Тазе печен Грк декориран, гарнир со салата и бело Шардоне. Добар Апетит“, „Востание Народе , Војна состојба“, „Смрт за сите судии што судат Македонци“, „Ти си била за жалење, извини, не знаев… седи си на метли шиптарски“, „Соживот со племето на дело“, „е ова е предавник во душа фууууууј“, „Заев на бесилка“, „Погледнете како вчера Орбан и Нигел застанаа против ѓаволите од ЕУ и Сорос!“, „Народе македонски, нека не ве лажат со подобар живот, вистината е дека им треба сместување на мигранти и промена на името, ЗА НИШТО ДРУГО“ итн. Пишувањето на агресивните бојкотирачи на социјалните мрежи изобилува со говор на омраза и кон ЛГБТИ заедницата.

Се објавуваат лажни вести и на порталите. Дел од насловите се: „Околу 10.000 со сила донесени ЗА Северна Македонија: 4.000 Македонци, 6-7000 Албанци“, „Европска унија нема да прима нови членки: Словенечкиот претседател БорутПахор повика ЕУ да не шири лажна надеж за Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија“, „Доделува ли владата македонски државјанства на косовски државјани за да може да гласаат на претстојниот референдум?“

Набљудувачите на ЦИВИЛ нотирале покачување на плати во две приватни конфекциски фабрики во Пробиштип, за кои постојат индикации дека се во контекст на мотивирање на вработените да гласаат на референдумот.

Се нотира злоупотреба на малолетни лица во средните училишта во Припеп и во Штип. ЦИВИЛ излезе со остра осуда против злоупотребата на малолетниците за политички цели. Малолетни ученици се мета на притисоци во кампањата, со цел да се пренесе порака до нивните родители.

Во извештаите на долгорочните набљудувачи се јавува и за одреден број граѓанки и граѓани кои во семејството имаат немоќни и болни лица. За нив, набљудувачите известуваат дека во разговор со нив заклучуваат дека овие семејства не се информирани што треба да преземат за да го искористат правото на глас. Поради тоа, тие ќе останат дома и не ќе можат да дојдат до гласачкото место за да го искористат своето право на глас.

До Тимот за анализи и координација на ЦИВИЛ пристигнаа извештаи за случаи на три семејства во Штип, во кои има по едно лице кое не е во состојба да го искористи своето право на глас поради недоволно информации и сложена процедура. Две од тие лица не биле во можност да гласаат ни на локалните избори кои поради недоволната информираност не гласале. Така, лицето С.З. од населба Македонка во Штип, поради нервно мускуларни болести, има потреба од гласање во нејзиниот дом. И лицето В.А. од истата населба има потреба од гласање во нејзиниот дом.

Еден случај на лице што не е мобилно и не ќе може да гласа, се бележи и во Кочани.

ЦИВИЛ ја согледува потребата од навремено информирање и поедноставување на процедурите за гласање на оваа категорија граѓанки и граѓани. Врз основа на директна комуникација со повозрасните граѓанки и граѓани, се согледува и потребата од подобро информирање за правото на глас и други прашања поврзани со изборните процеси, вклучувајќи ги и самите датуми на гласање.

Набљудувачите на ЦИВИЛ ќе го интензивираат мониторингот во преостанатите денови до крајот на референдумскиот процес. На денот на гласањето на 30 септември, ЦИВИЛ ќе има 307 акредитирани набљудувачи, а мониторингот ќе се продолжи и во периодот по референдумот.

Граѓанките и граѓаните можат да се пријавуваат нерегуларности, закани и притисоци на веб страницата Слободни избори или на телефоните 02/5209 176 или 070/461 480.

Тим за анализи и координација на ЦИВИЛ

 

Скопје, 27 септември 2018

Оваа анализа се заснова на избор од извештаите на долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ до 25 септември.


ОВАА СОДРЖИНА Е ДОСТАПНА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АТРИБУИРАЊЕ И ХИПЕРЛИНК ДО НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА.

Tags: БојкотирамЗАизвештајнабљудувачнабљудувачиреферендумЦивил - Центар за слобода
Share49Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ