Коалицијаta „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ вечерва со почеток во 20 часот ќе ја отвори изложбата на победничките фотографии на Pride Photo Award за 2016, во Мала Станица.
Pride Photo Award е меѓународен годишен фотографски конкурс со фокус на сексуалниот диверзитет и родовиот идентитет и има за цел да допринесе кон поправичен и инклузивен свет преку видливост на сексуалниот и родов диверзитет и создавање свесност за „другиот“.
Секоја година фотографи ширум светот ги споделуваат своите најкреативни, најпредизвикувачки и нестереотипни погледи на родот и сексуалноста. Меѓународно експертско жири ги селектира најдобрите дела по што се организира светска изложба. Изложбата веќе беше поставена во Амстердам, Болоња, Џакарта, Ханој и Сан Франциско.
Изложбата ќе ја отворат Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, неговата екселенција г-динот Вилем Пломп.
Наградата за прајд фотографија се обидува да ги разобличи стереотипите и да понуди поинакви можности за едуцитање и информирање..
Изложбата е во организација на Холандските амбасади во Тирана, Приштина и Скопје, во партнерство со Коалицијата СЗПМЗ, и со финансиска поддршка од Град Амстердам, и фондациите Ахмеа, Фондс 21, АФК и Трутфондс.
Б.Ј.