ЦИВИЛ Медиа направи мега интервју со Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и генсек на Алијансата за Албанците. Во првиот дел од ова обемно интервју, тој зборуваше за недовербата во владата, за потребата од експертска влада или предвремени избори, за тоа дека од 80 проекти на владата за општините, ниеден не дошол во Гостивар, дека не може да го објасни негативниот став на премиерот Заев кон Алијансата за Албанците, но и дека е на располагање да се види со него.
Првиот дел од интервјуто, ЦИВИЛ Медиа ќе го објави в сабота наутро, на 27 јули.
Разговорот го водеше Џабир Дерала, а камера, монтажа и фотографија направи Ариан Мехмети.