„Многу е тешко кога се зборува за дискриминација, во контекст на социјална правда во држава во која стана многу лесно да се употребува дискриминација, борба против, секој кој ќе дојде на власт или се бори за истата па и цивилното општество мисли дека знае што е дискриминација и со леснотија го употребува тој збор, треба да почнеме од таму зошто мислам дека е тешко да се перцепира дисркиминација“, истакна унивезитетската професорка Мирјана Најчевска на панел дискусијата „Социјална правда и дискриминација: Премногу луѓе на маргините на општеството и политиката… До кога?“ во организација на ЦИВИЛ.
„Суштината на дискриминацијата не е во нееднавкото однесување, туку во нееднаква можност да се употренуваат правата и можностите. Прашање е не колку некого дискриминираме, туку колку е некој слободен, колку има права, колку може да ги заштити своите права или практикува, дали е слободен да гласа за тој кој сака или не, дали навистина ужива еднакви права како другите или не, не е работата во неедкаво постапување, покомплексна е работата“, истакна Најчевска.
Според професорката Најчевска онлајн наставата која сега се одржува поради пандемијата со КОВИД-19 навидум е недискриминирачка, за сите деца во цела држава, но резултатот е дефинитивно дискриминирачки.
„Онлајн настаната навидум е недискриминирачка, за сите деца, во цела држава, резултатот е дефинитивно дискриминирачки и има многу различен ефект, децата имаат различни услови, има деца кои немаат можност да ја следат, живеат во една соба со цело семејство, деца кои немаат пристап до интернет, до струја, простор и има ситуации каде едно семејство има повеќе деца и треба во исто време да ја следат наставата онлајн“, истакна Најчевска.
Професорката Најчевска додаде дека училиштата се создадени за децата да бидат релативно ставени во еднакви услови за пренесување на знање.
„Во моментот кога правам нешто како сите, јас не сум виновен доколку резултатот на моето дејствување е дискрминирачки. Најстрашно е кога жртвата на дискриминација не сфаќа дека е дискриминирана, влегуваме во затворен круг на дискриминација многу често, сакам да ги спомнам училиштата за деца со посебни потреби, јас се спротиставував за постоњето на тоа, а луѓето се обидуваат да го оправдаат, на тој начин се затвора кругот на дискриминацијата“, истакна Најчевска.
Најчевска додава дека државата не смее да реагира само кога има дискриминација, туку да создаде услови за еднаквост, да даде се од себе, во улога на проактивно делување и да обезбеди еднакви шанси.
„Можност за искористување на потенцијалите на индивидуата, секоја индивидуа да може да има таков оптимален социјален статус кој ќе обезбеди не само недискриминација, туку еднаквост“, додава Најчевска.