„Кога во контекстот на агресијата на Русија врз Украина го спомнувате бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, ве молам во исто време да се потсетите на 98.000 убиени во Босна и Херцеговина во периодот 1992 -1995. На оние 8000 убиени во Сребреница и 12000 убиени во Сараево и 200 убиени во Вуковар и силуваните и раселените и уништените животи и разрушените градови.
Не мора да одиме накај Сирија и Јемен и Палестина.
Си имаме ние многу поблиски примери.
И да. Водачите беа осудени, ама тие не ги убија со свои раце овие 98 000. И не се сеќавам дека Србија и се извини на Босна и Херцеговина.
И немој да ми речете дека САД и ЦИА и НАТО се виновни за овие масакри“, објави професорката Мирјана Најчевска.
Фејсбук објава на Мирјана Најчевска