• Latest

Најчевска: Квалитетот на животот кај нас е на ниво на преживување, не постојат системски решенија за зелени вредности

August 8, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Најчевска: Квалитетот на животот кај нас е на ниво на преживување, не постојат системски решенија за зелени вредности

August 8, 2020 14:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Зелените вредности се интегрален дел на политиките на секоја прогресивна политичка партија. Со оглед дека нашата земја се стреми да биде дел од европското семејство, кое високо ги вреднува токму овие вредности, како врвен приоритет, заедно со корпусот европски вредности, со професорката Мирјана Најчевска, разговаравме за нивната застапеност во политичката реторика кај нас.

Една од темите што ги начнавме со професорката Најчевска е и национализмот и антинационалистичката борба во поглед на последиците на неговото егзистирање во нашето општество.

Зелен ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина туку тие подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Најчевска: Не знам колку знаат, меѓутоа во она што претставува нивно делување не постојат зелените вредности. Прво онаа најосновната, онаа што не поврзува со целиот свет, а тоа се климатските промени, не фигурира ниту во програмите, ниту во настапите на политичарите пред граѓаните во рамките на изборните и предизборните активности. За Македонија се вели дека е земја која ќе биде неверојатно многу на удар на климатските промени. Се прогнозира дека за 30 до 50 години ние ќе имаме за 40 до 50 отсто помалку воден фонд. Тоа е нешто за кое треба да се размислува кога се планира структуирањето на градовите, за инфраструктурата, за економијата, за начинот на искористување на почвата и она што го имаме како воден фонд, за земјоделието, а тоа е поврзано со живеењето на државата, на луѓето, меѓутоа никој не го спомнува. Тоа е како да не постои.

Да не зборуваме за оние други елементи кои ја градат поголемата зелена слика, а кои што се поврзани со сиромаштија, со еднаквоста на шансите на луѓето со која што сега ќе се судриме многу со почетокот на учебната година заради тоа што има родители што инсистираат настава да биде преку интернет, без физичко присуство. Меѓутоа ние имаме огромен број од населението каде што децата едноставно немаат достапност до таков вид на алатки за да следат таков вид на настава. Нееднаквостите доаѓаат неверојатно многу до израз. Начинот на искористување на енергијата, наместо да речеме да биде искористена сончевата енергија, на пример, нешто што на таков начин ќе биде подржано од државата за да може секој граѓанин да учествува во искористувањето на таа енергија. Но, формулираат закони, се создаваат услови повторно за монополизација за не искористување на оваа енергија и луѓето да мора повторно да плаќаат за нешто што може да биде многу достапно, многу ефтино и за кое тие ќе можат да штедат, наместо да трошат пари.

Значи сите тие елементи се дел од еден комплексен систем, меѓутоа  во Македонија не се размислува системски. Најстрашното од сè е отсуството од институционален континуитет на институционалното помнење. Системските промени и зафати се прават тогаш кога постојат институции кои што функционираат во континуитет и ниту кадрите, ниту начинот на работа не се менуваат со секоја промена на власта или заради тоа што дошол нов министер, туку тоа се институции кои ја даваат стабилната основа кои што ги прават анализите, прогнозите, го прават она темелно ткиво на државата врз кои што се градат политиките, визиите, идеите… Ние го немаме темелот во институциите. Па дури кога министер ќе дојде во одредено министерство, а најчесто доаѓаат луѓе што појма немаат од материјата во министерството во кое дошле, тие и не знаат што да прават со институциите и како да ги искористат… Автоматски не може ниту едно комплексно прашање, посебно не вакво како зелената идеја, не може да биде зачнато со ваков кампањски, ад хок пристап на државата.

Ние мораме да размислуваме не 50/100 туку 200/300 години нанапред. Кога ќе се гради пат треба да се размислува дека тој пат во иднина треба да го поврземе со друг од тие и тие причини. Кога ќе се гради каменолом, да се знае што ќе се направи по 10, 20, 30 години со тој простор кога ќе биде упропастен, изваден од природата. Кога се гради гасовод се размислува каде се гради, како, на кој начин подоцна ќе можеме да се извлечеме од зависноста на гасот кога ќе наидеме на уште поеколошки начини на искористување на енергијата.

Кај нас имаме на власт луѓе кои со гордост кажуваат дека се отворени нови ископи на јаглен, во момент кога цел Европа ги затвора веќе сите термоцентрали и го забранува јагленот за производство на енергија, ние велиме дека имаме ископ за наредните 20 години. Значи или треба да си многу, многу интелектуално ограничен или воопшто да не ти е гајле за своите граѓани и да мислиш само за својот личен профит за да можеш толку јавно да кажеш едно вакво нешто.

Квалитетот на живеење воопшто не постои за нашите политичари. Во повеќе наврати сме разговарале, и како граѓански сектор и сега, како вклучена во партија, со одредени претставници во власта да им објасниме дека не е доволно да зборуваме за минимална плата, зголемување на социјалната помош… Тоа е нешто почетно, нешто без што не се може. Она што ќе го обезбеди квалитетот на живеење на луѓето е разговарање е на кој начин да добијат поефтина струја, на кој начин да добијат поефтина вода, огрев, покрив на глава и можност активно да бидат вклучени во сè она што претставува културно и образовно живеење на државата и искористување на сите технолошки предности што ги имаат луѓето што имаат поголеми примања. Меѓутоа квалитетот на животот кај нас, за жал, сè уште е на ниво на преживување… Дури до нашите политичари не доаѓа еден многу јасен податок дека животниот век во Македонија е три, четири, десет години понизок од она што претставува животен век во развиените демократски држави.

Зелен ЦИВИЛ: Што ќе кажете за растечкиот национализам во нашата земја? Кому му оди во прилог и кој губи?

Најчевска: Тогаш кога партиите и политичарите, кога тие што ја освојуваат власта, не можат да понудат да понудат нешто позитивно, не можат да понудат визија, не можат да понудат развој и конкретни видливи промени во секојдневното живеење тие секогаш посегаат по национализмот. Тоа е она нерационално околу кое можат да се соберат народните маси, околу кое можат да се разгорат негативни емоции и околу кое може да се изврши поделба на граѓаните за да не можат да се обединат околу своите истоветни потреби и интереси.

Национализмот е секогаш тука како некоја алатка по која посегаат партиите во моментот кога немаат ништо друго и за која што знаат дека секогаш можат да ја употребат и дека секогаш ќе даде резултат било да им го одвлече вниманието од граѓаните од она што им се случува, било да каже па добро еве ќе јадеме коренчиња, ама барем името го задржавме или ќе оневозможи нивен заеднички настап независно од етничката припадност.

Зелен ЦИВИЛ: Што треба да се направи во овој поглед, кое е решението?

Најчевска: Единствено решение е развојот на граѓанството и на граѓанското чувство. Мислам дека во Македонија тоа постепено се развива. Многу бавно оди тој процес, меѓутоа постои. процес на осознавање на граѓанската припадност, дека делат ист простор, дека јадат иста храна, дишат ист воздух и дека на ист начин и дека тоа негативно влијае на сите нив независно од етничката припадност. Во крајна линија можат да се најдат начини на кои што етницитетот, културната посебност, културните разлики ќе можат да бидат и почитувани и развивани без тоа да има влијание врз она што претставува задоволување на потребите и интересите на граѓаните како еднакви и како истоветни потреби и интереси. Мислам дека тука многу голема улога имаат и би требало да имаат невладините организации и нивниот пробив во сè она што претставува разградување на монолитноста на етничките блокови коишто им одговараат само на политичките партии.

 

Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ