Руски ракетен напад го претвори трговскиот центар Ретровил во Киев во руина што тлее, при што загинаа најмалку осум лица во една од најмоќните експлозии досега видени во главниот град, пренесува Киев индипендент.
Нападот се случи во северниот дел на Киев околу 23 часот на 20 март,кога експлозијата срамни со земја еден дел од трговскиот центар и го претвори паркингот во пламено море. Експлозијата ги разнесе остатоците од трговскиот комплекс на голема оддалеченост во сите насока.
Државната служба за вонредни состојби набргу по експлозијата соопшти дека 63 пожарникари работеле на гаснење на пламените јазици кои стигнале на третиот и четвртиот кат од трговскиот центар.
Во раните утрински часови на 21 март, пожарникарите сè уште се бореа со пламенот додека војниците и работниците за итна помош бараа низ урнатините преживеани или жртви. Спасувачите до 8 часот извлекле шест тела.
Еден војник кој работи на местото на настанот изјави за Њујорк Тајмс дека делови од тела се расфрлани околу урнатините.
Експлозијата погодила станбена област во областа Подил, која се наоѓа на околу 10 километри од центарот. Експлозијата ги потресе зградите во главниот град, притоа искрши прозорци на околните станови. Оштетени се и возилата паркирани во близина на нападот.
⚡️The video shows the destroyed Retroville shopping mall in Kyiv, following an overnight missile strike.
According to Prosecutor General’s Office, at least eight people were killed.
Video: Proof of war in Ukraine/Telegram pic.twitter.com/GgUosETtCn
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) March 21, 2022
Генералниот обвинител Ирина Венедиктова рече дека бројот на загинати, броејќи осум лица, се заснова на прелиминарни информации, што укажува на тоа дека бројот на жртви може да се зголеми.
Подготвил Д.Мишев