• Latest

Најмалку 83 новинари и медиумски работници убиени од почетокот на војната помеѓу Израел и Газа

January 18, 2024
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Најмалку 83 новинари и медиумски работници убиени од почетокот на војната помеѓу Израел и Газа

January 18, 2024 13:52
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, МЕДИУМИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Војната меѓу Израел и Газа им нанесе сериозна штета, често и со фатални последици по новинарите откако Хамас го започна својот невиден напад против Израел на 7 октомври, и Израел објави војна на милитантната палестинска група, започнувајќи со напади врз блокираниот Појас Газа.

Почнувајќи од 18 јануари 2024 година, прелиминарните истраги на Комитетот за заштита на новинарите  покажаа дека најмалку 83 новинари и медиумски работници се меѓу повеќе од 25.000 убиени од почетокот на војната на 7 октомври – со повеќе од 24.000 смртни случаи на Палестинци во Газа и на Западниот Брег и 1.200 смртни случаи во Израел.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјавија за новинските агенции Ројтерс и Франс прес дека не можат да ја гарантираат безбедноста на нивните новинари кои дејствуваат во Појасот Газа, откако тие побараа гаранции дека нивните новинари нема да бидат цел на израелски напади, објави Ројтерс на 27 октомври.

Новинарите во Газа се соочуваат со особено високи ризици додека се обидуваат да го покриваат конфликтот за време на израелскиот копнен напад, вклучувајќи разурнувачки израелски воздушни напади, прекин на комуникацијата, недостиг на снабдување и големи прекини на електрична енергија.

До денешен датум (18 јануари 2024) потврдена е смртта на 83 новинари и медиумски работници: 76 Палестинци, 4 Израелци и 3 Либанци.

Пријавени се 16 повредени новинари, 3 новинари се пријавени за исчезнати, а уапсени се 25 новинари. Повеќекратни напади, закани, сајбер напади, цензура и убиства на членови на семејствата, се наведува во извештајот на Комитетот.

Комитетот за заштита на новинарите,  исто така, истражува бројни непотврдени извештаи за други новинари кои биле убиени, исчезнати, приведени, повредени или загрозени, како и за оштетување на канцелариите на медиумите и домовите на новинарите.

Објавениот список вклучува имиња врз основа на информации добиени од извори на КЗН  во регионот и извештаи од медиумите. Ги вклучува сите новинари  вклучени во активноста за прибирање  вести. Не е јасно дали сите овие новинари го покривале конфликтот во моментот на нивната смрт, но од Комитетот велат дека  ги вклучиле  во пребројувањето  додека во меѓувреме се истражуваат околностите во кои го загубиле животот. Списокот се ажурира на редовна основа.

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ