Дезинформациите и пропагандата, меѓуетничките односи и изборните процеси се меѓу темите со кои ЦИВИЛ најактивно се занимава во 2022 година и на кои ќе стане збор на денешната средба со градоначалникот, медиумите, невладините организации и со граѓанките и граѓаните во Куманово.
По средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ЦИВИЛ-ите ќе одржат и средби со граѓанките и граѓаните на плоштадот во градот.
Во 11:30 часот ќе се одржи и краток прес брифинг на организацијата.
На инфо штандот на ЦИВИЛ ќе бидат споделени информации за темите и активностите, а ќе се одржат и неколку средби со невладините организации. Новинарската екипа на ЦивилМедиа ќе земе и неколку изјави од претставници на невладините и од граѓанките и граѓаните што ќе бидат заинтересирани за средбата.
ЦИВИЛ ќе одржи средба денеска и со граѓанките и граѓаните на Свети Николе.